Се преземаат активности за расчистување на случајот со групата „јавна соба" на „Телеграм"

Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за расчистување на случајот со  затворената група „јавна соба" на социјалната мрежа „Телеграм" на која се објавувани фотографии со експлицитна содржина.

-Веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за расчитување на случајот. Секторот за компјутерски криминал и форензика веднаш контактира со мрежата „Телеграм", со цел добивање на потребните податоци околу функционирањето на оваа група и воедно го известивме за содржинте што се објавени, информира за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Тој додаде дека е известено и Јавното обвинителство и дека се преземаат мерки за расчистување, а воедно апелира до граѓаните да пријават во полицијата злоупотреба на фотографии не само за овој, туку и за кој било друг случај.

Реакции за групата имаше вчера по социјалните мрежи. Според споделените информации на социјалните мрежи дел од фотографиите објавени во оваа затворена група се преземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.

Групата, како што изјави премиерот Оливер Спасовски, е креирана за многу брзо и за многу кратко време има толкав број учесници.

– Според информации што ги добив од Бирото за јавна безбедност покрената е целосна постапка за расчистување на овој случај, известено е јавното обвинителство и заедно се работи на откривање на администраторот, меѓутоа и на членовите на оваа група, изјави Спасовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конфренција во Владата.

Тој апелира да се заврши што е можно побрзо активноста околу завршување на сите процедури во делот на истрагата и на одговорните што ќе се утврдат да сносат целосна одговорност.

-Ова е апел до сите нас, апел е и до родителите, апел и до образовните институции да имаме надзор над своите деца и да реагираме благовремено и семејствата, но и образовните институции се со цел заеднички да придонесме да не се случуваат вакви случаи. Имало секако вакви случаи и претходно на кои сме работеле заеднички со Министерството за труд и социјална политика и биле расчистувани навремено, меѓутоа сето ова треба да покажува дека не само репресивниот елемент во откривањето на вакви состојби, туку и многу порано да се работи превентивно и сите заедно да работиме и во семејствата и во институциите, посочи Спасовски.

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика Санела Шкирељ истакна дека се работи координирано со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за образование и дека во моментов немаат пријава од родители, но апелираше до сите родители кои имаат информација дека нивните деца биле изложени и биле дел од оваа група да се обратат до центарите за социјални раобти.

-Информацијата ја добивме синоќа и ведаш со Минстерството за внатрешни работи и МОН се искоординиравме. МВР постапува во делот на истрагата. Јас синоќа упатив апел и сега аплеирам до сите родители чии што девојчиња биле изложени на таква содржина во таа група да се обратат до центарите за социјални работи, каде нашите тимови стојат на располагање за психолошка помош, поддршка и советување, рече Шкриељ.

Според неа доколку се утврди дека и креторите на гурпата се малолетници Центаорт за социјални раобти во сорабокта со МВР ќе постапува во рамки на своите надлежности, а со МОН, како што додаде, сме координирани и тие ќе постапуваат преку своите стручни тимови што ги имаат во училиштата./MИА

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина.

Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ.

Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој степен тврдењата дека емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од летовите може да се надоместат со „зелени“ проекти или употребата на одржливи горива се засновани на цврсти научни докази.

„Ер Франс“ потврди дека добиле писмо од Европската комисија. Компанијата во моментов ја прегледува нејзината содржина и ќе ги испита дејствијата што треба да се преземат, изјави портпаролот на француската авиокомпанија.

Луфтханза во соопштението наведе дека и таа внимателно го разгледува случајот.

Портпаролот на КЛМ рече дека холандската компанија, дел од групацијата Ер Франс, исто така добила писмо од ЕК. /МИА

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

притисни ентер