Се затвораат гласачките места во Русија, партијата на Путин е сигурен победник

Веќе се затворени некои избирачки места во јужниот руски регион Астрахан, како и избирачките места во одредени области на регионот Волга.

Гласачките места се затвораат во 20 часот по локално време, или 17 часот по средноевропско време, со што се означува крајот на тридневното гласање за долниот дом на парламентот - Државната дума.

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори во Русија е 45,15 проценти до 18 часот по московско време, изјави претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова.

„Сега ќе го објавам одѕивот на изборите за Државната дума: до 18 часот е 45,15 проценти“, рече таа, пренесе ТАС С. Денеска е последниот ден од гласањето на парламентарните и регионалните избори во Русија.

Член на изборната комисија во Астрахан за ТАСС рече дека тридневното гласање помогнало да се спречи ширењето на короната, но и дека луѓето што работат во смени да можат да гласаат.

Покрај пратениците во Думата, гласачите гласаа и за гувернери на девет руски региони, како и за составот на 39 локални парламенти.

Туск: Ќе изградиме барикади на источната граница

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Полска почнува да работи на дополнително зајакнување на целата источна граница, во време кога земјата се соочува со, како што рече, сè помоќна „хибридна војна“ поради илегалните мигранти од Белорусија.

Туск не даде детали за планираните активности или средствата што ќе бидат наменети за нив, но рече дека кога безбедноста на Полска е во прашање, „нема да има ограничувања“.

„Полско-белоруската граница е уникатно место поради притисокот на илегалните мигранти. Всушност, имаме работа со растечка хибридна војна“, рече премиерот при обиколката на границата каде што се сретна со војници и граничари. „Сакам да нема сомнежи овде - земја која покажува сè поагресивни намери кон Полска, како Белорусија, е коорганизатор на оваа практика на полската граница.“

Во 2021 година, претходната полска влада и Европската унија ја обвинија Белорусија дека го организира протокот на мигранти за да изврши притисок врз ЕУ поради санкциите наметнати од европската институција кон Минск, но Белорусија ги отфрли обвинувањата.

Оттогаш продолжуваат обидите за преминување на границата, а бројките варираат со текот на времето. Полските граничари велат дека секојдневно евидентираат околу 300 обиди за илегално преминување на границата. Заладените односи меѓу соседните земји дополнително се влошија по инвазијата на Украина од страна на белорускиот сојузник Русија.

Претходната полска влада подигна ограда на полско-белоруската граница, долга повеќе од 180 километри и висока пет и пол метри, во обид да се заштити од илегалните мигранти. После тоа, беше инсталиран систем на камери и сензори кои ја надгледуваат границата.

Туск рече дека новите утврдувања ќе бидат поставени долж „целата источна граница“, но не даде детали.

„Тоа не е само внатрешната граница на Полска, туку и границата на ЕУ. Затоа, не се сомневам дека цела Европа ќе мора да инвестира во сопствената безбедност, инвестирајќи во источната граница на Полска и во безбедноста на нашата заедничка граница“, рече Туск.

Навивачите на Баер бесплатно добиваат посебни шампионски тетоважи

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула.

Новиот германски шампион Баер Леверкузен на своите навивачи им нуди бесплатни тетоважи за да ја одбележат историската сезона, во која веќе ја освоија шампионската титула, но се уште имаат шанса за тројната круна бидејќи играат со Кајзерслаутерн во финалето на купот и со Аталанта во Лигата на Европа во финалето во Даблин на 22 мај.

Со ремито 2:2 против Рома, со кое ја потврдија победата од 2:0 од првата полуфинална средба, фармацевтите ја продолжија серијата без пораз на 49 натпревари оваа сезона и го соборија повеќедеценискиот европски рекорд на Бенфика, поставен помеѓу 1963 и 1965 година.

Баер ги опиша тетоважите како „специјална промоција на крајот на посебната сезона“ и им понуди на фановите да изберат една од многуте тетоважи со клупска тема и да закажат состанок за бесплатно да добијат нова декорација за својата кожа.

Најмалку еден загинат на Флорида во големото невреме, прогласена вонредна состојба (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина во силното невреме во американската сојузна држава Флорида, а гувернерот Рон Десантис прогласи вонредна состојба во 12 окрузи во северниот дел на државата погодена од невремето.

Една жена загина кога бура урна дрво на нејзината семејна куќа, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Леон.

Ова е најмалку петтото лице кое го загубило животот од тешките временски услови во САД оваа недела.

Едно лице загина во силно торнадо во понеделникот во мало гратче во американската сојузна држава Оклахома, а две лица загинаа во невремето во средата во Тенеси и едно во Северна Каролина.

Околу 140.000 луѓе останаа без струја во главниот град на Флорида, Талахаси, а се проценува дека уште 200.000 домови и деловни објекти се без струја од Мисисипи до Северна Каролина, објави АП.

Во Талахаси, забележани се удари на ветер од 80 до 100 милји на час, со брзина поголема од интензитетот на ураганот, соопштија градските власти.

„Нашата област доживеа катастрофални штети од ветер“, напиша градоначалникот на Талахаси, Џон Дејли на платформата X.

Градските власти очекуваат работата за поправка на електричната мрежа да трае до крајот на викендот.

притисни ентер