Семејството на детето кое сакаше да се самоубиe, ги одбило донираните 308 000 долари

Семејството на деветгодишниот Квејден Бејлс, кој сакаше да се самоубие заради насилство од соучениците, ги одби парите собрани од хуманите граѓани за патување во Дизниленд и ќе ги донира во добротворни цели.

Мајката на Квејден неодамна објави видео-запис од расплаканиот син на социјалните мрежи и се пожали на малтретирањето што го доживеал на училиште затоа што е со мал раст . Јарака Бејлс објави на Фејсбук видео во кое нејзиниот син горко плаче затоа што го малтретирале на училиште и за тоа сака да му стави крај на животот.

9-годишникoт бил роден со дијагноза на џуџеста ахондроплазија, нарушување на растот на коските, поради што големината на торзото е вообичаена, но екстремитетите се многу пократки од просечните.

Видеото предизвика бура низ целиот свет, но и голем број на пораки за поддршка на Квејден, по што собра 308.000 американски долари во онлајн кампања за неговото семејство, конкретно за патувањето на Квајден во Дизниленд во Калифорнија за 24 часа.

„Сакаме да им ги пренесеме парите на организациите во нашата заедница на кои им требаат. Иако сакаме да го видиме Дизниленд, веруваме дека на овој начин нашата заедница ќе добие повеќе“, рече мајката .

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер