Шахпаска: 27.000 семејства примаат повисока социјална помош преку социјалната реформа

Во изминатите две и пол години спроведовме реформи кои направија преобразба на системот на социјална заштита. 

Придобивките од сеопфатната социјална реформа, денес директно ги чувствуваат над 120.000 наши сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик.

Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти.

Денес, околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, во висина до 11.700 денари месечно, а претходно добивале социјална помош во висина од околу 3.000 денари.

Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош се ослободени од плаќање на болничка партиципација.

Не застануваме тука.

Во тек е спроведувањето на втората фаза од социјална реформа – развој на социјалните услуги на локално ниво, кои ќе се имплементираат преку општините, за што на располагање се 10 милиони евра.

Паралелно се реализираат мерки за вклучување на социјално ранливите категории на пазарот на труд, преку преквалификација и докавалификација за занимања, кои се дефицитарни на пазарот.

Во следниот период примателите на гарантиран минимален приход ќе добијат и социјален работник, кој ќе се ангажира за нив и ќе им помага да се вклучат на пазарот на труд.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме ефикасен систем на социјална заштита кој трајно извлекува од сиромаштија.

На прав пат сме.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Јагода Шахпаска – пратеничка на СДСМ

Медведев по повлекувањето од Мадрид: Ногата одби да работи

Само две победи во Мадрид го делеа Данил Медведев од седмиот триумф на Мастерсот - по елиминацијата на Карлос Алкараз и Јаник Синер, тој беше највисоко рангиран учесник - но судбината не сакаше така.

Четвртиот тенисер во светот се предаде откако го загуби првиот сет против Чехот Лехечка со 6:4.

- Ногата одби да работи. Ја почувствував болката во моментот кога направив ретрн. Тој одигра сервис волеј, ја скрати топката, а јас тргнав напред. Се обидов да забрзам, но наеднаш почувствував како ми се заглави колкот. Не можев да спринтам, како кога чувствувате грч или искривување. Јас самиот не знам кое од овие две е точно, изјави Медведев.

Повика физиотерапевт, но третманот не помогнал.

-Го прашав дали состојбата може да се влоши, ми рече дека може ако е исчашување, но не може ако е грч. Се обидов да трчам кон мрежата, не почувствував болка, но сфатив дека е подобро да не ризикувам ништо, исакна Русинот за повредата.

За Медведев повредата дојде во незгодно време. Не само затоа што имаше шанса за прв пат да стигне до финалето во Мадрид, туку уште повеќе затоа што следната недела ја брани титулата во Рим.

-Нема сомнеж дека моето учество таму е доведено во прашање. Морам да одам на преглед и да разговарам со моите тренери. Би било фантастично да се игра во Рим по минатогодишниот триумф, но прво треба да ја видам ситуацијата со повредата.

ДУИ: Изет, на линија со Силјановска и ВМРО, му се заканува на Али Ахмети

Изет Меџити и албанската опозиција  на линија со Гордана Силјановска од ВМРО. Впрочем, истите ја презедоа улогата на „маша“ на Мицкоски против се што е албанско.

Недалеку од денеска, губитникот на изборите на 24 април, Изет и неговите партнери се осмелуваат и им се закануваат на Албанците и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обидувајќи се да внесат страв и неизвесност во пресрет на 8 мај, исто како што тоа го прават Силјановска и Мицкоски.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат загриженост за валканиот речник на Изет и албанската опозиција, а истовремено ги повикуваат граѓаните да не станат плен на мрачните и дестабилизирачки агенди со центар во Белград и Москва.

Им ставаме до знаење на Изет и неговите следбеници, дека Северна Македонија е веќе полноправна членка на НАТО и наскоро членка на Европската Унија.

Трасираниот пат и демократските институции не можат да се уништат со полициски закани, а тоа најдобро ќе го дознаете на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе освои +20 пратеници.

Во оваа прилика ги повикуваме граѓаните на 8 мај масовно да го заокружат бројот 4 и да го спречат враќањето на полициската држава и истовремено да ја заверат длабоката историска победа на ДУИ и Европскиот фронт, се наведува во партиското соопштение.

Изет Меџити: ДУИ сака да ги повлече Албанците во бездна!

Во страв од поразот кој несомнено ги чека, ДУИ веќе го загуби компасот! 

Така, нивната единствена цел сега е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редови, обидувајќи се да продолжат со техничката влада повеќе од 100 дена.

Целите на Али Ахмети беа јасни и ВЛЕН ја предупреди јавноста од моментот кога со кандидатурата на Бујар Осман, ДУИ умислено ја елиминираше можноста Арбен Таравари да влезе во вториот круг од претседателските избори. Затоа, денес јавно го прашуваме Али Ахмети:

Дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори, иако се сретнавте со Стево Пендаровски и му ветивте поддршка? Ако ова е вистина, кажете ѝ на јавноста зошто не ги бојкотиравте претседателските избори во 2019 година? Што се смени од тогаш? Дали стравот од неуспех ви го заматува видот? Или по наредба на руските центри на власта сакате да спречите новото парламентарно мнозинство да обезбеди уставни промени во рок од 6 месеци по формирањето на новата влада?

Зошто работите против интересите на ЕУ и САД? Доволно создадовте магла, одговорете на овие прашања кои се од витално значење за иднината на државата.

Сега кога ќе дојде време да преземете одговорност за корупциските скандали, вие подмолно се обидувате да го злоупотребите целиот албански народ како штит, но и помалите етнички заедници кои ги користите како заложници. Овие трикови веќе видени, не поминуваат.

По 8ми мај ќе има Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички претставник на Албанците, ќе има и мнозинство на Бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата. Ова е крајно неодговорно и кукавичко.

Затоа, ве повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одиш во опозиција. Како легалисти и демократи со нашиот политички кредибилитет гарантираме дека нема да има реваншизам, туку одговорност ќе има само кога тоа ќе се докаже во правилни судски постапки.

Коалиција ВЛЕН

притисни ентер