Шарпланински куп 2015. за деца на Попова Шапка

Шарпланински куп 2015. за деца од 6 до 16 години ќе биде одржан претстојниот викенд на Попова Шапка. Најавено е учество на 100-тина скијачи од Македонија и регионот кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини - слалом и велеслалом. Условите се поволни и патеките се подготвени.

Будимир Апостолоски, од скијачкиот клуб „Љуботен“, денеска на прес-конференција информира дека од годинава се подигнува нивото на оваа манифестација од ревијално на ниво на натпревар, бидејќи од минатата година имаат учесници од странство. Шарпланинскиот куп како ревијално издание за деца се организира од 2009 година.

Целта на манифестацијата, како што истакна Жарко Трповски од Ски федерацијата на Македонија е преку организирање детски натпревар да се популаризира скијањето како дисциплина, која исто така го поддржува и зимскиот туризам.

Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини слалом и велеслалом во женска и машка категорија. Покрај од Македонија, поканети се да учествуваат и клубови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Турција.

Натпреварите ќе се одржуваат на патеката Пионерско брдо. Одговорниот за патеките Илчо Василевски истакна дека има добри услови за одржување на купот. Снег има доволно и патеката е добро обработена, вели Василевски и верува дека времето ќе биде извонредно.

Купот ќе заврши со прогласување на победниците во недела на 22 март.

Главен спонзор на Шарпланинскиот куп 2015 за деца е ТТК Банка.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер