Шест концерти на 22. Блуз и соул фестивал

 Дваесет и вториот „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе се одржува три дена претстојниот викенд во пивница „Стар Град“  (Темов) во чаршија. 

Изведувачите годинава се од Македонија, Србија, Белгија и Данска и се по избор на Иво Солдатовиќ кој втора година е селектор на фестивалот.

„Блуз и соул“ в петок (21 септември) ќе го отвори „Crossroad Blues Band“, еден од најпознатите македонски блуз-бендови кој на сцената опстојува повеќе од две децении. Првата фестивалска вечер ќе биде заокружена со четиричлениот белгиски состав „Shakedown Tim & The Rhythm Revue“ основан од Тим Шејкдаун, кој свири динамична комбинација на блуз, џамп-блуз и буги, до свинг и ритам и блуз.

Втората фестивалска вечер в сабота (22 септември) ќе ја отвори квинтетот „The Gamblers“ од Сремска Митровица, Србија, за кој селекторот Солдатовиќ на прес-конференција денеска рече дека се легендарен блуз-состав од 1984 година и оттогаш ја освојуваат регионалната блуз-сцена и настапуваат на престижни фестивали низ Европа.

Саботната блуз-вечер ќе заврши со настап на „Chris Grey & The BlueSpand“ од Данска, трио на Крис Греј кој е блуз-ѕвезда во Европа и светот. Нивниот груви-фанки блуз во последните две години ги освојува блуз-фановите низ Европа, а нив ги прави меѓу најпопуларните блуз-бендови.

На годинашниот фестивал ќе гостува уште еден српски блуз-бенд - петчлениот „The Blueshammer“ од Нови Сад кои прават атрактивни концерти со тексашки блуз и јужњачки рок и фанк. Тие ќе настапат в недела (23 септември), а по нив фестивалот со диџејски сет ќе го затвори Васја Ивановски, долгогодишен радиоводител и поранешен селектор на Блуз и соул фестивалот.

Селекторот Солдатовиќ ги повика сите што може да поддржат и да спозорираат македонска музика да им се обратат за, како што рече, да направат специјален фонд само за македонска вечер.

- Со кои било наши артисти, дали со авторска или туѓа музика. Би можеле да ја прошириме оркестарски, може да соработуваме со бендот на Здружението на џез-музичари, со кои било наши институции. Сепак, потребни се средства зашто тоа е голем проект, истакна Солдатовиќ.

Концертите на тридневниот „Блуз и соул“ ќе почнуваат од 21 часот. Влезниците за секоја вечер се по 200 денари или 500 денари за блок-влезници сите три вечери.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер