Шкендија гостува кај Нефчи

Екипата на Шкендија од Тетово попладнево го игра првиот натпревар од 2.коло од квалификациите од Лига Европа.

Македонскиот претставник во ова натпреварување откако успешно ја мина Краковија сега е пред нов предизвик, да се совлада Нефчи од Азербејџан. Во редовите на оваа екипа настапува и македонскиот репрезентативец Ванче Шиков.

Покрај желбата да се постигне позитивен резултат во Шкендија се свесни дека треба и да се потврдат добрите игри од натпреварите со полската екипа и дека само на тој начин може да се има шанса за пласман во следната рунда.

Според најавите тренерот на македонскиот тим Бруно Акраповиќ нема проблеми со составот и може да смета на сите играчи, а кои 11 ќе стартуваат ќе реши пред натпреварот.

Екипата од Тетово синоќа тренираше на „Бакчел Арена“ каде со почеток во 18 часот (македонско време) се игра натпреварот. Судија е Сергеј Цинкевич од Белорусија.

Покрај овој дуел денеска се играат уште 32 од 2.коло од квалификации од Лига Европа. /МИА

Показна вежба на Баталјонот на специјални сили на Армијата на Охридското Езеро

Припадници на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ во текот на утрешниот ден во водите на Охридското Езеро кај Центарот за обука на вода во периодот од 10 до 12 часот ќе реализирааат показна вежба - препад на пловен објект.

За успешна реализација на вежбата, во текот на денешниот ден од 13 до 15 часот на истата локација ќе се спроведуваат подготвителни активности, така што од СВР – Охрид се известуваат граѓаните дека за време на подготовките и на самата вежба ќе бидат употребени атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема што ја користи Армијата.

Бензините и дизелот остануваат со иста цена, поевтинува мазутот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,223 ден/кг и сега ќе изнесува 44,609 ден/кг.

Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,00 (денари/литар)

- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,00 (денари/литар)

- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)

- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 74,00 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС 44,609 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10 мај 2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“, како и на Партизанските гробишта во Бутел, денеска беше одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа – 9 мај. 

Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска пред платото на Владата го одбележаа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа со положување на свежо свеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

Евроамбасадорот Дејвид Гир положува свежо цвеќе пред платото на Владата на Република Северна Македонија

Денот на победата над фашизмот се одбележува откако Германија во 1945 година го ратификува актот за безусловна капитулација и беше прогласена победа на антихитлеровската коалиција, додека пак, Денот на Европа се слави откако тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на 9 мај 1950 година ја промовираше идејата за нова политичка соработка во Европа како средство за драстично намалување на можностите за нова војна меѓу европските народи, што подоцна стана позната како „Шуманова декларација“.

Европа денеска ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик на она што доведе до создавање на денешната Европската Унија.

По повод на Денот на Европа, ЕУ и нејзините институции секоја година организираат настани и манифестации за одбележување на празникот. Оваа година по тој повод, Европската унија на 4 мај организираше „отворен ден“, на кој граѓаните можеа да ги посетат седиштата на институциите на Унијата и да се запознаат со начинот на нивното функционирање.

Денот на Европа e прогласен за празник на ниво на ЕУ и е неработен ден за вработените во европските институции. Меѓу членките на ЕУ, 9 мај е државен празник само во Луксембург, додека во Романија тој се поклопува со Денот на независноста на земјата.

притисни ентер