Шпанија ќе им дава по 462 евра месечно на најсиромашните граѓани

Шпанската влада усвои уредба со која што се воведува основен месечен приход од 462 евра за најсиромашните граѓани дополнително загрозени од пандемијата на коронавирус.

Граѓаните на возраст од 23 до 65 години имаат право на помош , ако вредноста на нивниот имот не надминува 16.614 евра во недвижнини и заеми со намалени каматни стапки.

Минималниот приход ќе се зголеми со бројот на членовите на семејството до максимум 1.015 евра месечно, а програмата ќе вклучува иницијативи за наоѓање на редовна работа, изјави на прес-конференција вицепремиерот Пабло Иглесијас.

Според уредбата усвоена на седницата, владата ќе плаќа месечен основен приход и ќе го надополни наведениот износ на постојни приходи на граѓаните кои заработуваат помалку за да добиваат барем толку секој месец, објасни Иглесијас.

Програмата треба да ја користат околу 2,3 милиони граѓани, додаде тој. Владата ќе одвои три милијарди евра годишно за плаќање на приходот.

Новата мерка ќе ја изедначи просечната потрошувачка за борба против сиромаштијата со просечна 0,4 проценти од БДП на соодветните земји на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), објави владата.

Шпанија во моментов троши нешто повеќе од 0,1 процент од БДП во борбата против сиромаштијата и на тој начин е на дното на европската скала.

„Ќе ја постигнеме целта што си ја поставивме, ако им помогнеме на таргетираните домаќинства да заземат подобро место во општеството“, рече министерот за социјална помош Хозе Луис Ескрива на прес-конференција.

Проектот за основните приходи беше замислен од премиерот Педро Санчез и вицепремиерот од Унидас Подемос (УП) Пабло Иглесијас пред неколку месеци, а пандемијата ја забрза неговата реализација, јавуваат шпанските медиуми.

Шпанија, со повеќе од 27.000 смртни случаи, е меѓу земјите особено погодени од епидемијата на коронавирус. Владата воведе мерки на штедење кон средината на март, при што невработеноста нагло се зголеми и економијата се соочи со длабока рецесија.

Армијата на Конго тврди дека спречила државен удар, три лица загинале во престрелката

Армијата на Конго соопшти денеска дека рано изутрината „спречила државен удар“ и ги уапсила сторителите, меѓу кои и неколку странци, а забележано е и пукање во главниот град Киншаса, при што загинаа три лица.

Портпаролот на армијата на Конго, генерал Силвен Екенге, на прес-конференција соопшти дека обидот за државен удар бил спречен од конгоанските одбранбени и безбедносни сили и дека ситуацијата е под контрола, но не даде повеќе детали.

Покрај тоа, се судриле луѓе во воени униформи и обезбедувањето на локален политичар во неговата куќа, на околу два километри од претседателската палата и делот од градот каде се наоѓаат некои амбасади. /МИА

Сабаленка за поразот од Швјонтек: Сè уште сум среќна со резултатот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го коментираше поразот од полската претставничка Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Рим. 

Таа истакна дека генерално е задоволна од нејзиниот настап во главниот град на Италија.

- Иако работите не одеа во моја корист, сепак сум среќен со резултатот во Рим. Во првиот сет не играв многу добро и не ја чувствував мојата игра. Во вториот се обидов да бидам малку поагресивна. Имав неколку можности да направам брејк. Можеби ако ги реализирав, натпреварот ќе испаднеше поинаку. Но, јас не го направив тоа. Ќе се обидам подобро следниот пат, рече Сабаленка на прес-конференција.

Во меч што траеше 1 час 29 минути Швјонтек победи со резултат 6:2, 6:3. Првиот светски рекет ја освои својата четврта ВТА титула во сезоната и 21-ва во кариерата.

Ова е втор меч на тенисерките во последните две недели. Швјонтек и Сабаленка се сретнаа на 4 мај во решавачкиот меч на турнирот во Мадрид. Тогаш победи исто така првиот рекет на светот. /МИА

Фјури побара реванш, Усик прифати

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври.

Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено.

Триесет и седумгодишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби./МИА

притисни ентер