Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар

Македонскиот денар слави 32 години. 

По тој повод на Екомонскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)- Штип денеска се одржа предавање на кое студентите можеа да се запознаат со почетоците на македонскиот денар и неговата стабилност како платежна валута. Универзитетскиот професор на Економскиот факултет во Штип, Љупче Давчев вели дека денарот е стабилна валута, која поминала низа препреки во минатото.

-Денот на денарот е денот на македонското монетарно осамостојување и ја воведуваме единицата денар за основна платежна валута во Македонија. Денарот повеќе години ја држи својата стабилност и помина повеќе препреки во кои остана стабилен како валута. Монетарната власт е една од најстабилните институции во областа на финансиите, која ја одржува стабилноста на денарот, а преку тоа и стабилноста на целокупната економија во државата, вели Давчев.

Студентите денеска имаа можност да проследат презентации од преставници од банки, со цел да се запознаат со професијата банкар. Големиот број на банки во државата е една од причините поради што и расте интересот кај младите за изучување на професијата банкар.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер