Си вградил чип за да ја отвора Теслата на допир (ВИДЕО)

Експерт за компјутерска безбедност решил да ја држи паметната технологија буквално во своите раце.

Како и херојот на Марвел Тони Старк,Американецот Бен Воркмен вметна во своето тело четири компјутерски чипови - клуч од автомобил Тесла во десната рака, магнет во левата, како и чип кој овозможува далечински управувач и уште еден што се користи за поврзување и комуникација на мобилни телефони.

Со нивна помош тој ги контролира телефоните, телевизијата и другите паметни гаџети во неговиот дом.

„Се што работи на принципите на паметната технологија може да се контролира со помош на чипови“, објаснува 29-годишниот Воркмен.

Процесот на вметнување на чипови во самото човечко тело е многу сличен како кај домашните миленици.

„Отпрвин болеше, но како што одминува времето, болката минува“, објаснува Воркмен.

Магнетот во левата рака е поголем од другите импланти, така што неговото присуство го чувствува при нормални движења.

Клучот за далечинско отворање на вратата од автомобилот беше највознемирувачката интервенција. На подлактицата му е направен пет-милиметарски засек.

„Морав да го испратам клучот до специјална компанија пред да се вметнат во моето тело. Го потопија во ацетат и потоа ставија медицински полимер врз него“, објаснува Воркмен.

Да се ​​најде вистинската личност за вклопување на имплантите во неговото тело се чинеше како невозможна мисија. Тој беше одбиен од лекар, ветеринар, но и од еден салон за тетоважи. Тогаш братучедот на Воркмен , лабораториски техничар, внел два чипа во неговото тело.

Воркмен тврди дека компјутерските чипови ја подобруваат технолошката безбедност.

„Хакирањето на нечиј телефон веќе е голема работа. Хакирањето лице е невозможно“, вели Воркмен, објави Њујорк пост.

Пешевска: На 8 Мај ќе се случи потоп

 „Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите“

Македонските граѓани покажаа дека Гордана победи во 60 општини, од кои во 17 се градоначалници од актуелната власт, Актуелниот претседател победи само во 3 општини во првиот круг. Тоа е јасен показател дека на 8 Мај ќе се случи потоп. Во државата опозиционерското движење е масовно. Лицемерно е да се каже во предизборие дека власта понудила решение за платите, каде бевте изминатите три години да го предложите? Ние треба да работиме на подобрување на БДП и реална анализа во кои сектори треба да се покачат платите, колку индустриски сектори се затворија поради нереалните политики. Фокусирани сме на квантумот на гласови, добро ни оди на терен низ цела држава, по изборите ќе се преговара со програмски усогласените партии со нас партии, рече Жаклина Пешевска во Само Вистина.

Уапсени 21 лице во акција на Европол за измама на кол-центри

Затворени се 12 кол-центри осомничени за измама.

Најмалку 21 лице се приведени во Германија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и во Либан, во полициската акција „Пандора“, која беше спроведена со поддршка на Европол, во текот на разбивање мрежа на 12 кол-центри осомничени за измама на илјадници луѓе, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека во акцијата „Пандора“, спроведена на 18 април, затворени се 12 кол-центри осомничени за измама, а одземени им се документите и имотот.

Како што се посочува, измамите опфаќале лажни полициски повици, инвестициски измами и „љубовни“ измами, а работата на кол-центрите ја организирале 39 лица. /МИА

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

притисни ентер