32- годишниот Деменков ја убил 21 годишната порно актерка Олга Кудрова , така што повеќе од 100 пати ја удрил со тап предмет. За секој случај , тој дури се обидел телото да го удави во када , но девојката веќе била мртва. Кудрова вечерта пред да отиде кај Деменков рекла дека оди кај човекот што го сака.
Таа била и самохрана мајка на едно дете. Во богатите кругови во Санкт Петерсбург оваа вест не е изненадување , зашто Деменков бил познат како злоставувач на жени , но по некое чудо секогаш ја избегнувал затворската казна.
Во последно време тој претепал четири проститутки во истиот стан . , а пред четири госини е обвинет за киднапирање на пријателка , која неколку дена била изложена на тортура. За среќа , таа некако избегала и побарала помош кај соседите . Деменков тогаш добил условна казна.
Телото на порно актерката го нашол милијардерот , 69 годишниот Валериј Деменков , татко на осомничениот . ,,Никогаш не им верувај на жените “ , напишал убиецот на социјалните мрежи пред да исчезне.