Синот на Меџик Џонсон: Ако сакам да облечам женски фустан, ќе го облечам, си го сакам телото

Ирвин Џонсон, попознат како EJ, е син на американскиот кошаркар Меџик Џонсон, кој привлекува внимание со своите модни комбинации.

Папараците неодамна го снимија во фустан, бунда и штикли додека ја напушта забавата придружуван од маж кого го држи за рака, а на социјалните мрежи често се фали со фотографии во тесни фустани, мини здолништа и слични комбинации.

Тој еднаш изјавил дека се чувствува совршено удобно во своето тело и дека и покрај тоа што сака да се облекува како женско, не размислува да го промени полот. "Се сакам себе си таков каков што сум. Среќен сум и задоволен со себе. Отсекогаш сум велел - ако некој не се чувствува добро во своето тело, треба да направи нешто во врска со тоа", изјавил тој за Е! Вести.

„Не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова е телото во кое треба да бидам. Не чувствувам потреба да се менувам. 100 проценти сум сигурен во она што го сакам. Удобно ми е во сопствената кожа и го сакам моето тело“, додал ЕЏ, кој пред 11 години призна дека е геј.

Тој објасни дека модата му дозволува да експериментира со различни стилови, но дека тие се само привремени: „Можам да бидам мажествен, можам да бидам женствен. Можам да правам што сакам со модата. Ако сакам да носам фустан, тогаш ќе носам, не сакам да работам постојано“.

Меџик и ЕЏ беа отворени за тоа како излегувањето од плакарот не беше лесно. Познатиот кошаркар признал дека на почетокот му било тешко да прифати дека неговиот син е геј. Е.Џ., пак, тврди дека неговите родители и претходно знаеле за неговата сексуална ориентација, но биле загрижени за реакцијата на јавноста.

Таткото и синот денес имаат добри односи. „Тој е доволно храбар и силен за да му покаже на светот кој е“, вели Меџик за својот син. Инаку, Е.Ј. бил зачнат само неколку месеци откако на неговиот татко му бил дијагностициран ХИВ, но за среќа младиот човек се родил здрав.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер