Синот на норвешката принцеза во врска со Плејбој зајачици (фото)

Синот на норвешката принцеза Мете Марит ја пронајде љубовта со атрактивна манекенка која помеѓу другото се соблекла за Плејбој.

Кралското семејство не е среќно со изборот на 21 – годишниот Маријус Борг Хјбиј, но изгледа дека на него и провокативната Џилијен Снекстед тоа не им пречи.
Маријус, кој Мете го родила во првиот брак, пред да го запознае наследникот на норвешката круна, отпатувал во Калифорнија на студии каде наводно се запознале, пишува Daily mail.Норвешките медиуми наведуваат дека веќе извесно време се во врска како и дека неодамна се вселиле во заеднички стан во Лондон.
Џулијен на социјалните мрежи не крие премногу. Профилот на Инстаграм е преполн со провокативни разголени фотографии и тоа најмногу селфи. Се пофалила и со селфи од официјалната кралска резиденција недалеку од Осло, но таа фотографија е избришана од Инстаграм кога е објавена веста за нивната врска.Маријус не е толку транспарентен на социјалните мрежи.
Кога неговата мајка се мажеше за норвешкиот принц во 2001 година Маријус имал четири години. Во детството се појавуваше во јавноста со семејството, покрај мајка му и очувот, полусестрата Ингрид Александра и полубратот Север Магнус.
Кога наполнил 20 години, кралското семејство официјално објавило дека официјално се повлекува од јавниот живот и неговиот профил е отстранет од социјалните мрежи.

🖤

A post shared by Juliane Snekkestad (@julianesnekkestad) on

😽

A post shared by Juliane Snekkestad (@julianesnekkestad) on

👄

A post shared by Juliane Snekkestad (@julianesnekkestad) on

Lil🐯 shooting for @nakdfashion

A post shared by Juliane Snekkestad (@julianesnekkestad) on

The best revenge is not giving a shit🖕🏽

A post shared by Juliane Snekkestad (@julianesnekkestad) on

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер