Сите ја очекуваа средбата меѓу Џенифер и Бред, кој кого избегнува!!!

Бред Пит и Џенифер Анистон во минатото беа омилената брачна двојка во Холивуд. Но, откако се разведоа тие вешто се избегнуваат.

Поранешната брачна двојка требеше да се сретне на роденденската забава на нивниот заеднички пријател и колега Леонардо Ди Каприо.

Популарниот Лео секоја година за својот роденден организира гламурозна забава во елитниот дел на Лос Анџелес, во роденденот редовно учествуваат многу познати личности.

На годинешната забава биле повикани и Бред Пит и Џенифер Анистон.

Многумина ја очекувале нивната средба но за жал како и секогаш до неа не дојде.

Во последен миг Бред поради актерски ангажман го откажал присуството на забавата, а Џенифер се појавила на роденденот.

Бред и Џенифер инаку беа во брак од 2000 до 2005 година. По разводот Бред започна врска која заврши со брак со актерката Анџелина Џоли, но и тој брак заврши со развод.

Директорт на ЦИА Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Нетанјаху

Директорт на ЦИА, Вилијам Барнс, денеска ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници, објавија светските агенции, повикувајќи се на извор запознаен со неговиот план за патување.

Барнс во Израел ќе пристигне од Каиро каде се преговара за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Лондонски Гардијан напиша дека сите пет делегации кои вчера учествуваа во разговорите во во Каиро - Хамас, Израел, САД, Египет и Катар - го поддржаа обновувањето на преговорите.

Два извора од египетската делегација потврдија дека се очекува преговорите да продолжат и денеска.

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, синоќа изјави дека Хамас претставил изменет предлог и дека новиот текст укажува дека преостанатите разлики можат апсолутно да се надминат.

Тој, меѓутоа, одби да открие други детали од преговорите.

Израел во понеделникот соопшти дека предлогот за трифазен прекин на огнот, прифатен од Хамас, е неприфатлив за нив бидејќи „условите се ублажени“.

НБА: Убедливи победи на Бостон и Оклахома

Првите носители во своите конференции во американската професионална кошаркарска НБА лига, Бостон на Истокот и Оклахома на Западот, со убедливи домашни победи ги почнаа своите конференциски полуфиналиња.

Бостон синоќа го победи Кливленд со 120-95, додека Оклахома беше подобра со 117-95 од Далас.

Џејлен Браун со 32 поени го предводеше Бостон до стартната победа, додека Шеј Гилџес – Александер беше најефикасен во дресот на Оклахома со 29 кошеви.

Вторите натпревари, исто така, ќе се играат во Бостон и Оклахома, а на програмата се ноќта меѓу четврток кон петок.

Во конференциското финале ќе се пласираат поуспешните екипи во сериите до четири победи.

притисни ентер