Скандалозно: Катица Јанева ја нарече Лиле Стефанова „ороспија и гомнарка“

Скандалозна завршница на денешното рочиште за случајот „Рекет“. 

Обвинетата екс обвинителка Катица Јанева пред да си замине од судницата вулгарно ја нападна нејзината поранешна колешка Лиле Стефанова, која сведочеше за овој предмет со зборовите „гомнарка“ и „ороспијо“ . Веднаш по ова судијката Васка Николовска Масевска нареди полицјата да ја изнесе обвинетата Јанева од судницата.. Револтот на екс обвинителката доаѓа откако нејзината порашена колешка Стефанова три часа даваше исказ, и зборуваше кој се се обидувал да влијае врз случајот Империја, која таа го води. За нејзе пред се било чудно што осомничените во предметот знаеле за мерките кои ги презема обвинителсвото.

-На некој чуден начин од истражителите бев известена дека Камчев спремен ги чекал да дојдат тие, а дел од телефоните биле сменети. При претрес во „Орка Холдинг“ беа Филимена и Михајло Маневски. И таму беше „чистено“. Тоа што го најдовме како докази го земавме. Панделески и Камчев цело време праќаа емисари, политичари и бизнисмени за да влијаат врз истрагата кај мене и кај Јанева.

На вкрстено прашање од страна на адвокатот на Бојан Јовановски, Стефанова кажа кој судија ургирал.

-Тоа е судијата Добрила Кацарска. Таа не се јави кај мене, туку кај друг колега. Но беше присутна тука во судот цела вечер кога се одлучуваше за мерката притвор на Орце Камчев. Беше присутна од рано утро, до другото утро следниот ден.

Канал 5 ја контактираше и судијката Кацарска, која категорично ги отфрли тврдењата на Стефанова. Во телефонски разговор рече е згрозена од тоа што го слушнала затоа што таа никогаш не вршела никакво влијание врз некого. Кацарска рече дека размислува да поднесе кривична пријава за клевета.

Стефанова во своето опширно сведочење меѓудруготоповтори дека Камчев бил пуштен од притвор по наредба на Јанева и покрај нејзиното противење, а потоа на колегиум во СЈО и се обратила на нејзе и обвинителот Рустеми да направат извештај колкава штета е напаревена во “Империја” и “Поштенска Банка” и тука да се затвори предметот.. Последниот обид за интервенција Јанева го направила за одмрзнување на имотот на бизнисменот Панделевски, ден пред нејзината оставка од функцијата.

Стефанова пред судот кажа дека неколку пати сакала да даде оставка , да излезе пред медиумите и да се обрати до Советот на јавните обвинтиели.

Адвокатката на обвинетата Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, по завршувањето на судењето кажа дека се задоволни од сведочењето на обвинителката Стефанова.

Во денешниот исказ на Стефанова не беше споменат првообвинетиот Боки 13, со кого кажа дека контактирала едиснтвено за гостување на неговата телевизија. Адвокатот на Јовановски, по рочиштете пренесе дека неговиот клинт му кажал дека нема да се појави на закажаната интервенција на 4 февруиари, револтиран што надлежните не ја земаат во предвид неговата состојба.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер