Скокнал од опасна карпа во море, но згрешил во проценката (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи застрашувачка снимка од несреќата во Тенерифе кога е повреден 40-годишен турист, најверојатно Британец.

Решил да скокне од високите карпи во море, но погрешно проценил и се забил во острите карпи. По ударот паднал во вода.

По несреќата, очевидци скокнале во водата за да му помогнат на човекот, а спасувачите биле повикани на местото на настанот.

Инцидентот се случил во понеделникот, околу 14 часот, во близина на пештерата Чарко Ел Танкон на северот на Тенерифе.

На ова место животот го загубија неколку туристи, а пристапот инаку е забранет, пренесува Експрес.

Како што е познато, лекарите констатирале сериозни повреди на долните екстремитети, а моменталната состојба на мажот не е позната.

Келнер сакал да направи спектакл, па направил хаос во ресторанот (ВИДЕО)

Тиктокерката Морган Петит објави урнебесно видео од ресторан, кое за кратко време „собра“ 3,6 милиони прегледи.

Во преден план е келнерот кој сакал да им приреди спектакл на гостите додека го послужувал стекот, но работите тргнале наопаку.

Штом го запали огнот, што е вообичаена практика во полуксузните објекти, една гостинка извика: „Внимавај на прскалките“.

И се разбира, таа беше во право, бидејќи секунда подоцна настана хаос. Имено, прскалките се дел од противпожарниот систем, а реагирале на топлина и чад.

Гостите се разотидоа, а неколкумина ја снимија нереалната сцена. Корисниците на социјалните мрежи се пошегуваа на сметка на несмасниот келнер.

@lorgiemayne Tomahawk Steak fire gone wrong!!💦🥩 #firealarm #ohno #yikes #restaurant #splashzone ♬ original sound - Morgan Pettit

„Веројатно се измолкнал од ресторанот и никогаш не се вратил“, напишала една личност.

Друг продолжи: „Несреќниот ќе има кошмари до крајот на животот“.

Познато е зошто се урна тераса во Мајорка, кога загинаа 4 лица и најмалку 20 беа повредени

Уривањето на тераса на плажа на познатиот шпански остров Мајорка, каде четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени, според експертите е работа на момент.

Уривањето на тераса на плажа на познатиот шпански остров Мајорка, каде четири лица загинаа, а најмалку 20 се повредени, според експертите е работа на момент, со оглед дека нејзината изградба била незаконска и дека просторот никогаш не бил планиран да се користи на овој начин.

Имено, терасата изградена во рамките на „Meduza Beach Club“ ја немала потребната градежна дозвола, како и соодветна контрола, што значи дека се работи за дивоградба.

Техничарите испратени на терен од шпанскиот суд заклучиле дека колапсот е предизвикан од преоптоварување. Посочија и дека ресторанот на приземје и подрумската дискотека Коко Рико ги имале потребните дозволи.

Менаџерот на „Медуза бич клуб“ сега се соочува со обвиненија за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди со различна тежина и кршење на градежните и безбедносните прописи.

Во записникот јасно стои дека терасата немала одобрение за градба, па затоа сите активности на неа биле недозволиви. Според извештајот од градежниот инспекциски надзор, овој простор во 2017 година бил класифициран како непристапен.

За потсетување, во четвртокот околу 20:30 часот се урна терасата на првиот кат од објектот „Медуза“.

Нови разорни бури и торнада во делови од САД- во претходниот налет загинаа 20 лица

Во текот на претходниот викенд, централниот и југоисточниот дел на САД беа погодени од бран разорни бури и торнада.

Најпогодени се Оклахома, Арканзас, Тексас и Кентаки.

Уништени се стотици објакти. За жал, загинаа најмалку 20 луѓе.

Во овој момент, нова серија разорни бури се формираат над средните делови на САД, особено над Оклахома и Тексас.

Торнада се очекуваат и во текот на денот во јужните и источните делови на Оклахома и североисточниот дел на Тексас, а најголема опасност има во пограничната област на овие сојузни држави.

Сирените веќе се огласија во многу населби поради заканата од торнада.

Овој моќен систем со грмотевици ќе помине и над Далас, во поширокото подрачје со закана од торнада.

притисни ентер