Скопје синоќа најзагадено на светот, Град Скопје издаде препораки за заштита

Скопје повторно го освои врвот на глобалната апликација Ер Вижуал и синоќа на полноќ беше најзагаден град на светот..

Скопје повторно руши рекорди во поглед на аерозагадувањето. Градот вчера по којзнае кој пат се најде на првото место како најзагаден во светот на апликацијата Air visual, овој пат пред Њу Делхи во Индија и Шенјанг во Кина. Како одговор на тоа, градските власти објавија серија на препораки до граѓаните, во кои меѓудругото се бара од нив да избегнуваат користење на возила и да користат јавен превоз, да не излегуваат на отворено, а за затоплување да користат чисто и суво дрво и редовно да ги чистат оџаците. Сепак, дел од екологистите велат дека препораките не се доволни, и бараат конкретни мерки за енормното аерозагадување.

Георгиева ги повика и пратениците во Собранието да ја изгласаат забраната за увоз на отпад во земјава. Според неа, потребна е и построга контрола и поголем надзор од властите, бидејќи како што вели, до сегашните мерки не помагаат за намалување на аерозагадувањето.

Точката за забрана на увоз на отпад минатата недела беше прескокната од дневниот ред на во Собранието. Во таа прилика, пратениците тврдеа дека потребно е подетално да се анализира предлогот и дека стравуваат, ако се забрани увозот, на земјава да и биде забранет и извозот на отпад. За сега, се уште е неизвесно дали овој закон ќе стапи на сила пред распуштање на Собранието, иако и од ВМРО – ДПМНЕ и од СДСМ најавија дека ќе дадат поддршка. Според испитувањата, аерозагадувањето е причина за смртност на околу 3.000 лица годишно во државава и е петти главен ризик - фактор за смртност во светот.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер