Славната пејачка тагата поради разводот нема да је лекува со колачи

Сега и официјално е потврдено дека славната пејачка се разведува, тагата не сака да ја лекува со храна.

Добитничката на Греми наградата наводно и се обратила на својата најдобра пријателка, холивудската актерка Џенифер Лоренс за совет околу слабеење, пренесува „Радар Онлајн“.

Пејачката се одлучила да ги намали килограмите и неодамна успеала да изгуби цели 12 килограми.

Не сака да се врати на старо, туку да истопи што повеќе масни наслаги и да стекне здрави навики.

Џенифер, која многу води сметка за своето здравје, во тоа ќе и помогне.

Адел престанала да пуши цигари, почнала со пилатес, а Џенифер и советувала брзата храна да ја замени со здрави оброци.

„Адел и Џенифер се најдобри пријателки. Често се слушаат и разменуваат пораки. Џенифер и е инспирација и мислам дека на некој начин сака да биде како неа“ – откри неименуван извор.

Тие двете станаа пријателки откако се запознаа на доделувањето на Оскарите во 2013 година.

Адел и Сајмот се венчаа во тајност во 2016 година, после пет годишната врска, а во 2012 добија и син.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер