Славниот Стивен Спилберг ја прави стратегијата на Бајден за победа на изборите

До претседателските избори во Америка (5 ноември) остануваат уште нешто повеќе од шест месеци, а актуелниот шеф на Белата куќа Џо Бајден доби големо засилување во својот тим.

Токму познатиот режисер Стивен Спилберг (Шиндлеровата листа, Спасување на Рајан, Минхен...), како што пренесува „Ен-би-си њуз“, ќе биде задолжен за креирање стратегија во кампањата на Бајден за освојување на втор претседателски мандат.

Минатиот декември Спилберг учествуваше на собирање средства за кампањата на Бајден во Лос Анџелес. Спилберг, долгогодишен поддржувач на Бајден, веќе активно учествувал на состаноците со организаторите на конвенцијата на Демократската партија што ќе се одржи во август, потврди изворот, кој сакал да остане анонимен.

Ова не е првпат Спилберг активно да се вклучи во политичките настани во САД. Тој е голем поддржувач на Демократската партија и во 2008 година беше продуцент на филм за кампањата на Барак Обама, тогашниот претседател. На настанот минатиот декември, на Спилберг му се придружија и други холивудски легенди како Барбра Стајсенд и режисерот Роб Рајнер...

Лидерите на кампањата на Џо Бајден се во преговори со Барак Обама тој и Бајден да се појават на митинг во средината на јуни во Лос Анџелес. Добро е познато дека Обама имаше голема поддршка од холивудските ѕвезди за време на неговите две кампањи. Покрај тоа, токму Бајден беше потпретседател на Обама, додека вториот беше на чело на Белата куќа во два мандата. На тој собир еден од домаќините треба да биде Џорџ Клуни.

Кампањата на Бајден не одговориле веднаш на барањето да ги потврдат и коментираат наводите за ангажманот на Стивен Спилберг. Се потсетува дека минатиот месец Бајден за кампањата собрал дури 90 милиони долари, што е двојно повеќе отколку во првите два месеци од 2024 година.

ФИА и Ф1 развиваат нов стратешки план

Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) и Формула 1 издадоа соопштение поради тензиите во последните месеци.

Постојат разлики меѓу двете организации. Конкретно, страните имаат различни ставови за обидите на Марио Андрети да влезе во серијата како 11-ти тим.

- Светскиот шампионат во Формула 1 никогаш не бил посилен, тој расте низ целиот свет и ФИА и Формула 1 се посветени на постигнување најдобри резултати за мотоспортот во целина. За таа цел, двете страни развиваат нов стратешки план за искористување на можностите и дополнително развивање на потенцијалот на Ф1 во наредните години“, се вели во соопштението.

ФИА и Ф1 не објаснија што точно е планот.

Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи

Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура, а од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме, соопшти УХМР.

Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.

Алегри го собори рекордот на Манчини во „Копа Италија“

Масимилијано Алегри стана најтрофејниот тренер во историјата на националниот куп. Јувентус синоќа ја победи Аталанта во финалето на Купот на Италија со 1:0. Средбата се одржа на стадионот „Олимпико“ во Рим. 

Во ова натпреварување Алегри има пет трофеи. Тој ги надмина Роберто Манчини и Свен-Горан Ериксон, кои имаат по четири куп-титули.

Договорот на тренерот со Јувентус е до 2025 година, но неизвесно е дали тој ќе го води тимот и следната сезона.

Јувентус е рекордер во Купот на Италија со 15 трофеи.

притисни ентер