Членовите на екипажот на бродот повикале спасувачи околу 9 часот наутро во неделата и пријавиле дека орките го оштетиле нивниот брод во близина на ртот Спартел, во мароканските води.
Екипажот рече дека почувствувале страшни удари на трупот, а потоа нивното кормило било оштетено. Морнарите забележале дека водата почнува да навлегува во бродот и се плашеле дека во секој момент ќе потоне, пренесува El Pais.
За среќа, еден час подоцна биле спасени од екипажот на блискиопт танкер. Едреникот на крајот завршил на дното на морето.
Експертите веруваат дека орката од 15 ибериски китови убијци, позната како гладис, е одговорна за првото потонување на брод оваа година.
Јатото, предводено од Бела, Црна и Сива Гладис, се движи меѓу северниот дел на Пиринејскиот Полуостров и Гибралтарскиот Проток и уништиле неколку чамци низ годините.
Тие се поврзани со вкупно седум бродоломи - пет јахти и два рибарски чамци - и стотици застрашувачки средби каде што нападнале чамци во области во близина на Гибралтар, Шпанија, Португалија, Франција и Мароко.
Експертите велат дека удирањето чамци е само игра за морските цицачи и знак за „дружење“, а не борба за опстанок.
Работната група Орка Атлантик (GTOA) има регистрирано најмалку 673 интеракции - кога китовите убијци се приближуваат до чамците со или без контакт - помеѓу орки и пловни објекти од 2020 година.
Студијата од 2022 година во Marine Mammal Science заклучила дека нападите на малите чамци го следат истиот модел: орките се приближуваат од крмата, го оневозможуваат чамецот удирајќи во кормилото, а потоа губат интерес.
Според експертите, орките веројатно ги учат другите поединци како да ги бркаат и напаѓаат бродовите, особено нивните млади.
Некои веруваат дека китовите убијци научиле како да запрат брод, па сега учат и други поединци да го прават истото.
Да потсетиме, минатата година во напади беа оштетени десетици бродови.