Никој не можел да му стави крај на тоа.
Се додека еден сосед не се одлучил да ги земе работите во свои раце, поради што би можел и кривично да одговара. Имено, безбедносната камера на зградата го снимила моментот на пресметката со соседот кој другите ги малтретирал со бучавата од својот стан.
На вратата на младото момче заѕвонила една млада девојка, додека мажот, инаку нејзиниот татко, се сокрил зад вратата. Кога момчето ја отворило вратата и почнала да разговара со него, тогаш нејзиниот татко влегол во станот и го нападнал момчето.
„Добро, дали се наслуша доволно музика?“ – го прашувал напаѓачот момчето кое лежело на подот додека овој го удирал со нозете.
Откако снимката се рашири низ социјалните мрежи, останатите соседи признале дека момчето по име Едик подолго време ги малтретира со прегласна музика, меѓутоа сметаат дека таткото на девојката претерал со својата реакција.
„Не знам дали жртвата ќе го тужи напаѓачот, но мислам дека, доколку ги идентификуваме, ќе бидат казнети“ – изјави една комшивка.