Собрал колекција автомобили од советската ера, изгледаат како нови и се на продажба (ВИДЕО)

Ако има заинтересирани за Волга нека ги подготват парите бидејќи цената е позната.

На YouTube каналот Averdrive е објавено видео кое не носи во една од најинтересните колекции на автомобили.

Иако ниту еден од автомобилите не спаѓа во рангирањето на скапите класици, оваа колекција секако има важност, особено меѓу оние кои се носталгични по автомобилите зад поранешната железна завеса.

За оние на кои им се допаѓаат Лада, Волга, УАЗ и сите оние автомобили направени пред распадот на Советскиот Сојуз, во Рјазан има колекција од такви автомобили на располагање, и тоа во совршена состојба. Направена е во 1995 година, сега е на продажба, така што Volga GAZ-24 чини 1.300.000 рубли, што е околу 13.600 евра, додека VAZ-21013 од 1987 година е двојно поевтин. Цената на легендарната Чајка (ГАЗ-13 и 14), веројатно најубавиот автомобил во историјата на советската автомобилска индустрија, е по договор.

Да кажеме и дека наплатата постојано се менува бидејќи сопственикот има посебен сервисен простор за реставрација на возилата. Исто така, во последниве години, нешто од Западот, како што се Mercedes W126 и Toyota LC, но и од постсоветското производство, како што е GAZ-31105 Volga, е пуштено во ваков музеј. Колите се густо распоредени во салонот на два ката, а составот постојано се менува.

Масовна тепачка во Парламентот на Грузија пред донесување контроверзен закон (ВИДЕО)

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“.

Физичка пресметка се случила денеска во грузискиот Парламент на пленарната седница пред почетокот на гласањето на законот „за странски агенти“, кога членовите на парламентарното мнозинство физички го нападнаа пратеникот од опозицијата Леван Кабеишвили откако тој изјави дека власта ѝ ја „продава“ Грузија на Русија.

Седницата продолжила и по тепачката, пренесува Интерфакс.

Правната комисија на Собранието вчера го усвои предлог-законот без учество на опозицијата, додека во близина на зградата беа уапсени 20 демонстранти кои протестираа против законот.

Парламентот на Грузија на 1 мај во второ читање го усвои предлог-законот „За транспарентност на странско влијание“, со кој се предвидува организациите кои добиваат повеќе од 20 проценти од средствата од странство да бидат регистрирани како „застапници на странски интереси“.

Ваквиот закон минатата година беше откажан поради масовни протести, но во април годинава владејачката партија „Грузиски сон“ предложи речиси идентичен закон, со промената наместо терминот „застапник за странски интереси“ да се стави терминот „организација што работи за странски интереси“.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Фолкер Турк, претходно ја повика Грузија да го повлече овој нацрт-закон од процедурата, додека претставниците на Европската унија предупредија дека неговото усвојување ќе биде сериозна пречка Грузија да стане членка на ЕУ.

Грузиското Министерство за надворешни работи на 2 мај потврди дека премиерот Иракли Кобахидзе одбил да ги посети САД, откако американската страна поставила услов да ги прекине дискусиите за нацрт-законот.

Билборд висок 70 метри се урна во индија, загинаа 14 лица (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени откако џиновски билборд се урна за време на ненадејна бура во индискиот град Мумбаи..

Видео снимката покажува дека билбордот се тресе од ветрот пред да падне врз куќи и бензинска пумпа до прометниот пат во источното предградие Гаткопар..

Најмалку 75 луѓе се повредени, од кои половина биле пренесени во болница..

Властите велат дека билбордот висок 70 метри и широк 50 метри, бил неколку пати поголем од законската големина, а агенцијата што го поставила немала дозвола..

Градот претходно бил зафатен од силно невреме..

Обвинителството изврши увид по двојното убиство во с.Стајковци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци .

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопштуваат од ОЈО.

притисни ентер