Собранието го изгласа Законот за спречување на корупцијата по итна постапка

Собранието со 81 гласа „за" попладнево го донесе по скратена постапка Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, во рамки на денешната 80. седница.

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека денеска пред пратениците е квалитетен европски закон во кој се инкорпорирани препораките на Европската комисија и експертската група на господинот Прибе.

– Владата предложи закон што се темели на следните основи. Силна државна комисија за спречување корупција со зголемени надлежности. ДКСК со ефикасни механизми за спроведување на надлежностите. Сериозни критериоуми за избор на професионален состав на ова тело. Транспарента постапка за избор на членови со учество на медиумите и граѓанскиот сектор. ДКСК ќе врши контрола на финансирањето на политички партии, која ќе биде превентивна врз основа на годишен план, но и по поднесена пријава. Граѓаните имаат право врз основа на општ член да пратат иницијатива до ДКСК и доколку е основана комисијата по службена должност почнува постапка за контрола на финансирањето, изјави Дескоска.

Нагласи дека не смее да ни се повтори праксата постапките да завршуваат во фиока на ДКСК и за таа цел се донесени рокови во кои таа мора да постапува.

– Новина е обврската ДКСК да прави проценка на ризик од корупција и на годишен план за проверка на анкетни листови на функционери и финансирање на политички партии, дури и кога нема сомневања. ДКСК ќе има директен увид во банкарските сметки на носители на јавни функции и ќе има директен пристап во најмалку 64 бази на податоци за вкрстена проверка на имотната состојба. Внесена е надлежност ДКСК да испитува и евентуални сомневања за корупција при јавни набавки, изјави Дескоска.

Пратеничката од СДСМ и коалицијата, Снежана Калеска – Ванчева истакна дека од 40 предложени амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, заеднички усогласивме 20 амандмани кои се во насока на подобрување на текстот.

– Можам да изразам задоволство од усогласениот текст, изјави Калеска – Ванчева.

Пратеничката Нола Исмајлоска – Старова рече дека не требало да има отстапка од правото на граѓаните да поднесуваат претставки и изрази надеж дека новиот секретаријат што ќе биде формиран нема да биде испартизиран.

Пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека партијата останала на ставот дека сака да има нов закон и нова антикорупциска комисија која ќе кореспондира со условите во кои функционира Македонија.

– Работејќи посветено на овој закон докажавме дека нашата борба не беше да го закочиме, туку напротив да донесеме закон што е употреблив во пракса. Прифаќањето на нашите амандмани, беа амандмани кои беа на барање и мислење од ГРЕКО и ЕК, изјави Саменковска.

Посочи дека следуваат нови реформски закони, кои се многу битни и дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има подготвено амандмани и дека остануваат да работат конструктивно на сите реформски закони.

Пратеничката Даниела Рангелов од ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека не се согласува со одредбата ДКСК да има право за директен увид во банкарските сметки само доколку има таква претставка, бидејќи кога УЈП може да има увид во сметките на граѓаните, не гледа, како што рече, никаква разлика да нема увид и во сметките на пратениците.

Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Собранието и сите пратеници не си ја завршиле добро својата работа, бидејќи Македонија десет месеци беше без антикорупциска комисија и тоа, како што рече, во период кога се случи референдум.

Со новото законско решение се регулираат и двете области корупцијата и судир на интереси, меѓудругото се воведуваат промени во самата постапка за избор на претседател и членови, во статусот и нивните плати, како и во претстанокот на функцијата и разрешување на членовите, а има измени во однос на пријавување на имотната состојба и интересите и обврските кај административните, судските и јавните службеници. Се зголемуваат надлежнистите на Комисијата, при што таа сега води постапка за контрола на финансирањето на политичките партии и ја следи законитоста на финансирањето на изборни кампањи.

Владата на Република Македонија на завчерашната 115. редовна седница донесе одлука на Собранието да му предложи овој Предлог-закон да оди по скратена постапка и со европско знаменце, по што владеачкото мнозинство и опозицијата вчера постигнаа согласност и СДСМ прифати 20 од 40 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. /MИА

Чудни предмети испливаа на брегот на Тексас, граѓаните добија предупредување (ФОТО)

Жителите на брегот на Тексас се предупредени да бидат свесни за „невообичаени портокалови предмети“ по извештаите за нивно откривање на плажите во Галвстон и Фрипорт.

Мали правоаголни блокови исфрлени на брегот со видно прикажани пораки- веднаш да го контактирате нивниот сопственик.

Необичните предмети се во сопственост на истражувачи на морскиот свет.

Заливскиот центар за истражување на морски желки се обидува да разбере како океанските струи влијаат на движењата на морските желки во текот на годината.

Поради оваа причина тие направиле дрвени блокови кои би требало да имитираат желки, пренесува UPI.com.

„На островот Chandeleur во Мексиканскиот залив беа ослободени 80 блокови, а повеќе од половина се упатија кон брегот на Тексас. Во изминатите неколку дена се пронајдени четири“, соопштија од организацијата.

Научниците апелираат до граѓаните да ги контактираат во случај да најдат портокалови предмети, за да можат да соберат важни податоци.

Масакр во руската војска: Убил шестмина соборци и избегал, потерата е во тек

Според извештаите, полицијата трага по руски војник осомничен за убиство на шест негови соборци во источна Украина.

Потрагата по него доаѓа кога руски офицер се соочува со судење за убиство на седум војници под негова команда, откако минатата година фрли граната во соба, пишува Newsweek.

Од почетокот на инвазијата на Украина, имаше повеќе тврдења за низок морал меѓу руските трупи, со причини кои се движат од незадоволство од обуката и опремата, до преиспитување на раководството на претпоставените.

Воените напори на Москва беа поттикнати од осудениците на кои им е понудена слобода доколку војуваат шест месеци, иако руските сили сега велат дека помалку се потпираат на затворениците од затворските колонии низ целата земја.

Еден осуденик, 57-годишен помлад поручник идентификуван од Телеграмскиот канал База како Јури Г., избегал откако на 4 мај застрелал шест војници од артилериски баталјон во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) во Украина.

Осомничениот, наводно, имал автоматска пушка АК-12 со придушувач и муниција, а полицијата ги пребарува градовите во близина на границата со Украина во регионите на Ростов, Белгород и Воронеж, објави База во извештајот што го објавија и други руски медиуми. .

Последниот инцидент доаѓа откако започнало судењето на поранешниот вршител на должноста командант на вод, поручникот Дмитриј Лобовиков, кој е обвинет за убиство на седум негови подредени и ранил најмалку 10 други за време на прославите на 13 и 14 јануари 2023 година.

Тој, наводно, не бил задоволен од она што го видел кога дошол да ги провери војниците во касарната и извадил граната RGD-5, го повлекол осигурувачот и побарал од војник да го врати на своето место, пишува весникот „Комерсант“.

Војникот одговорил дека не научил како да го прави тоа. Откако го навредил, Лобовиков влегол во ходникот од каде е обвинет дека фрлил граната во соседната просторија каде спиеле војници од друга чета, при што убиле седум лица и уништиле дел од касарната.

Лобовиков е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство, намерно нанесување телесни повреди, намерно уништување и оштетување на имот, како и за недозволено поседување експлозивна направа.

Извештајот на Комерсант не ја прецизирал локацијата на инцидентот, но неговиот случај е сослушан пред поротата во Западниот воен окружен суд, кој ги покрива европските региони на Русија кои граничат со Украина.

Newsweek го контактирал руското Министерство за одбрана за коментар.

Маск со повик вештачката интелигенција да се насочи кон вселената и да се насели Млечниот пат

Американскиот милијардер и извршен директор на компанијата за вселенски летови SpaceX (SpaceX) Илон Маск посочи дека на човештвото ќе му бидат потребни милион години за да ја колонизира галаксијата Млечен Пат.

Тој на конференцијата на Институтот Милкен во Калифорнија, што се одржува од 5 до 8 мај, рече дека вештачката интелигенција (ВИ) може да се користи за напредок на целата цивилизација и повика вештачката интелигенција да се насочи кон истражување на вселената.

Маск додаде дека размислувањата за населувањето на галаксијата го наведуваат да размислува за постоењето на вонземјани.

Во разговор со основачот на Институтот, Мајкл Милкен, тој истакна дека е загрижен за заканата од исчезнување на човештвото и како еден од главните ризици го спомена падот на наталитетот.

„Кога една цивилизација нема надворешна закана и напредува, наталитетот нагло опаѓа“, вели бизнисменот.

притисни ентер