Собранието ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 75. седница ќе ја продолжи расправата за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

По завршувањето на оваа точка ќе почне расправата по Предлогот на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за проектот „Модернизација на блок 1 во ТЕ Битола“, кој ќе се склучи меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за измените на Законот за генетски модифицирани организми, Законот за заштита на природата, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за квалитет на амбиентниот воздух, Законот за управување со отпад, Законот за водите и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електорнска опрема.

Во прво читање на оваа седница ставени се и измените на Законот за туристичка дејност, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за угостителска дејност, Законот за градежни производи, Законот за безбедност на производите, Законот за трговија и Законот за вршење на занаетчиска дејност.

На дневен ред се и измените на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Законот за метрологијата, Законот за техничка инспекција, Законот за Државниот пазарен инспекторат, Законот за возила, Законот за стечај и Законот за енергетика.

Од областа на здравството пратениците ќе дебатираат за измените на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Законот за земање и пресадување делови на човечкото тело заради лекување, Законот за прекинување на бременоста, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни субстанци, Законот за санитарна и здравствена инспекција, Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, Законот за лековите и медицинските помагала, Законот за хемикалии, Законот за евиденциите во областа на здравството и Законот за здравствена заштита.

На седницата се и измените на неколку законски решенија од безбедноста и одбраната како измените на Законот за детективска дејност, Законот за приватно обезбедување и Законот за оружјето.

Пратениците ќе дебатираат и за измените на Законот за безбедност на храната, Законот за Државен инспекторат за земјоделство, Законот за шумарска и ловна инспекција, Законот за рибарство и аквакултура, Законот за тутун и тутунски производи и измените на Законот за ловството.

На дневен ред на седницата се и повеќе предлог закони од областа на градежништвото, железничката инфраструктура, социјалата и културата.



Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер