Сообраќајка од милион долари!

Дефинитивно е „многу “ тешко да се седне зад воланот на автомобил со мотор од 900 „коња“ и да се управува со него. Во тоа не увери еден возач од Далас кој направи сообраќајка од еден милион долари, го „слупа“ својот скапоцен автомобил. Мекларен П1“.

Досега не сме слушнале ниту прочитале дека во некоја сообраќајка учествувал „Мекларен П1“ еден од најскапите автомобили на светскиот пазар.

Фотографиите од „искршениот “ Мекларен се појавија на Инстаграм и веднаш предизвикаа огромен интерес. Сепак на социјалната мрежа немаше детали за оваа сообраќајка.

Инаку „Мекларен П 1“ во САД се продава по цена од 1,15 милиони долари (околу 920 000 евра), а производството на овој автомобил е лимитирано на само 375 примероци.

Со овој Мекларен брзината од 100 километри на час се достигнува за само 2,8 секунди, инаку неговата максимална фабричка брзина е ограничена на 350 километри на час.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен  гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

Израел го отвори преминот „Керем Шалом“ на својата граница со Појасот Газа, соопшти израелската служба што управува со пунктот.

Канцеларијата соопшти дека камиони со хуманитарна помош веќе минуваат низ проверки на пунктот.

Хамас пред три дена истрела ракети од областа на граничниот премин Рафа. Тие го гаѓаа граничниот премин „Керем Шалом“, при што во нападот беа убиени четворица израелски војници. Излезот беше затворен по нападот.

„САД синоќа беа известени дека граничниот премин „Керем Шалом“ меѓу Израел и Газа ќе биде отворен денеска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

притисни ентер