Состојбата со големата кашлица во Србија го крева алармот и во Македонија за вакцинацирање

Родителите да не ги прескокнуваат и одложуваат вакцините кај бебињата. Секоја вакцина е направена според возраста на детето и штити од тешки заболувања. 

Состојбата во Србија со големата кашлица каде четири доеничња ја загубија битката со големата кашлица или пертусис траба да биде аларм до сите родители да ги вакцинираат своите деца, објаснува доктор Катарина Ставриќ од медицинскиот факултет. Педијатрите објаснуваат дека бактеријата која ја предизвикува големата кашлица може да ја има секој од нас но не во тешка болест заради имунитетот што го имаме.

ДТПР вакцината се прима на две, четири и шест месечна возраст. Распоредот на вакцините е вака направен да биде заштитено детето во раната возраст со цел да ја избегне болеста. Во Македонија опфатот е стигнат и до 80% што не претставува добар процент за имунитет. Сликата на бебе со пертусис е многу полоша од возрасен човек.

Од комисијата за заразни болести потврдија дека наредната недела ќе имаат состанок за состојбата со пертусис. Од почетокот на годинава има пет случаи кај бебиња со голема кашлица кои биле потврдени и лекувани во клиниката Козле. Од комисијата најавија дека од вакциналните пунктови ќе се повикуваат родителите на децата кои не се вакцинирани.

„Макпетрол“:Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“.

Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот.

Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружба што е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Најмладите, исто така, ќе можат да уживаат и во низа интерактивни содржини и популарни игри.

- Пресреќни сме што во текот на оваа наша општествено одговорна активност добивме толку многу поддржувачи. Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 24 општини. Претходните месеци, од почетокот на 2024, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Во 2023 година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

За сите 24 општини „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите истите се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе биде активна и во следниот период. Сите објавени комуникациски материјали, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници и понатаму ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство.

Стратешкиот приоритет за општествена одговорност „Макпетрол“ го исполнува со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Изминативе години, компанијата се јавува како иницијатор или учесник во активности за поддршка на заедницата. Централен интерес на кампањата „Стоп за булинг“ се младите, односно преку неа се создава поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Значаен дел од општествено одговорните активности „Макпетрол“ и во иднина ќе биде креирањето услови за развој и реализација на потенцијалите на младите генерации.

Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска имаше работни средби со Оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север, соопшти МВР.

Оперативниот тим „Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови. Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици кои работат во делот на потрагите и формирање на една централизирана единица за потраги заради поефикасно постапување.

- Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север функционираат полициските станици за граничен надзор и гранични проверки на северната граница кон Србија и Косово, аеродромот во Скопје и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Од страна на раководството бев запознаен со нивната работа и проблемите со кои се соочени и во тој контекст беше посочено дека има недостаток на кадар и возила, особено во делот на прекуграничниот криминал и странци. Во иднина треба да се изврши анализа на постоењето и ефикасноста на определени организациски единици во делот на граничниот надзор и да се предвиди нов и поефикасен начин на работа кој ќе се темели на користење на највисоките технолошки достигнувања, истакна на средбите министерот Тошковски.

Општина Ѓорче Петров со обуки за подобрување на услугите на администрацијата

Општина Ѓорче Петров денеска ја спроведува последната фаза од обуките за подобрување на услугите од страна на јавниот сектор, односно на вработените преку користењето на моделот CAF.

Целта на работилниците на која учество зема дел од адимистрацијата водена од експетите за CAF, Александра Шантл и Игор Марковски беше преку пленарни сесии и работа во групи, учесниците да се стекнат со знаења за управување со квалитет во јавната администрација.

Користењето на моделот CAF кој претставува алатка за целосно управување со квалитетот ЦУК заснована на Моделот за извонредност на Европската фондација за управување со квалитет, исто така, беше целна точка која вработените ја усовршија преку обуките.

Ова беше еден од основните чекори за почнување процес на постојано подобрување и појаснување на чекорите кои следат за континуиран развој на Општина Ѓорче Петров во областа „управување со квалитет“.

Услужноста на администрацијата е особено важна за Општина Ѓорче Петров како локална единица која всушност е првата општина во Република Македонија која ги спроведува и практикува искуствата од обуката, а втора во регионот.

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер