Сотир Костов ја „поздрави“ Бугарската академија на Науки

Политичкиот аналитичар Сотир Костов вечерва во емисијата „Само вистина” покажа ,,шипак” за Бугарската академија на науки, која го негира македонскиот јазик. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина

Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина за злоупотреба на службена положба.

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, информираат од МВР.

- Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје, стои во соопштението од МВР. На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662 илјади денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

притисни ентер