Спасовски: Овозможуваме услови за развој на бизнис врските и за економски напредок на граѓаните од регионот што ги поврзува Македонија и Косово

Изградбата на граничниот премин е остварена со помош на Европската Унија преку ИПА Инструментот за прекугранична соработка со 1,2 милиони евра, како и со кофинансирање на Министерството за локална самоуправа на Македонија со 105 илјади евра. <

Претседателот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски придружуван од заменик претседателот на Владата, одговорен за европски прашања Бујар Османи, заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи со заедниците Садула Дураки, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и од директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски, присуствуваше на отворањето на новиот граничен премин меѓу Македонија и Косово, Белановце-Станчиќ.

Изградбата на граничниот премин е остварена со помош на Европската Унија преку ИПА Инструментот за прекугранична соработка со 1,2 милиони евра, како и со кофинансирање на Министерството за локална самоуправа на Македонија со 105 илјади евра.

Во присуство на министри и од владата на Косово, градоначалници од соседните општини и највисоки претставници на институциите за гранично и царинско управување на двете земји, премиерот Спасовски во своето обраќање ја истакна важноста на настанот, означувајќи го како дополнителна карика во поврзувањето меѓу Македонија и Косово и како проект кој дава важна политичка димензија за уште еден пробив напред на и онака исклучително добрите односи помеѓу овие две земји.

„Резултат на добрите односи меѓу нашите две земји е и успешната завршница на овој граничен премин. Граничниот премин е доказ за добрата волја и за заедничка работа и посветеност во интерес на граѓаните од двете страни на границата на овој регион", подвлече премиерот Спасовски.

Тој додаде дека со новиот премин се олеснува меѓусебната комуникацијата на граѓаните на општините Липково и Гнилане, како и меѓу соседните општини и е добар предуслов за зголемување на трговската размена и економската соработка во регионот, што овозможува услови за развој на бизнис врските и за економски напредок на регионот каде што се поврзуваат Македонија и Косово.

,,Овој објект што го гледате зад нас, не е само уште еден граничен премин туку буквално заеднички објект на двете држави изграден на самата гранична линија, што претставува исклучително комплексен проект. Неговата реализација значеше усогласување на активностите со законодавствата на двете земји, координација на институциите на двете држави, но и запазување на сите европски критериуми при неговата изведба, имајќи предвид дека средствата за овој проект се обезбедени преку европските ИПА фондовите наменети за двете држави", рече во своето обраќање вицепремиерот Бујар Османи.

Тој истакна дека граничниот премин е вистински европски проект - пример за тоа како треба да соработуваат соседите на Балканот, создавајќи заеднички проекти со кои создаваат подобри услови за своите граѓани.

На отворањето на новиот граничен премин се обрати и заменик претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај, кој нагласи дека ваквите проекти се добри за граѓаните од двете држави и регионот и претставуваат поттик за интензивна соработка и решавање на сите предизвици на земјите кои се соседи.

Сите говорници изразија признание и посебна благодарност до амбасадорите на Европската Унија во Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова, кои помогнаа да се реализира овој проект, кој покажува дека двете земји сериозно се насочени кон остварување на своите европски амбиции, стои во соопштението од Владата.

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер