Спасовски: Владата и народот активно ќе учествуваат во координираната донаторска иницијатива за санирање и ублажување на последиците од трагичниот земјотрес

Владата и народот на нашата земја активно ќе учествуваат во координираната донаторска иницијатива за санирање и ублажување на последиците од трагичниот земјотрес – „Заедно за Албанија".

За таа цел е формирана работна група со учество на претставници од релевантни институции, кои ќе изработат план за помош за обнова на земјата и за справување со последиците од земјотресите, порача претседателот на Владата Оливер Спасовски на донаторската конференција за Албанија во Брисел.

Во своето обраќање на конференцијата во организација на претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, на која освен земјите членки на ЕУ учествуваат и земјите од Западен Балкан, премиерот Спасовски истакна дека народот во Македонија со голема загриженост го дочека утрото на 26 ноември минатата година и ги следеше информациите за трагичните последици од силниот земјотрес во Албанија во Драч и во околината на овој град.

Уште истиот ден, Владата донесе одлука тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, да заминат за Албанија и да помагаат во координираните акции на спасувачките екипи на локалните власти.

„Во името на солидарноста како темел врз која се гради идејата за Европската Унија, С. Македонија веднаш упати тимови за прва помош и спасување кои ги ставија на располагање сите свои капацитети, сите свои вештини за да помогнат да се спаси и да се згрижи секој човечки живот и болка. Тоа беше не само професионална должност, тоа беше човечки, солидарен одговор на секој поединец во спасувачките екипи за да им се помогне на луѓето, на нашите пријатели во Албанија во неволја", истакна премиерот Спасовски.

Владата истиот ден кога се случи земјотресот донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија.

Спасовски нагласи дека Владата внимателно го разгледа Извештајот за проценката на штетите од земјотресот, подготвен од страна на Делегацијата на Европската Унија во Тирана, и дека е подготвена соодветно да одговори на потребите детектирани во извештајот и да се вклучи во континуираната поддршка и помош за санирање на штетите и за ублажување на последиците од земјотресот.

„Европската Унија, меѓу другото, е заедница на вредности. Една од тие темелни вредности е солидарноста, и оваа конференција потврдува дека земјите членки на Европската Унија, ја негуваат и афирмираат оваа вредност. Македонија и Албанија не се земји членки на Европската Унија, но грижата што ја покажува Европската Комисија ги охрабрува владите и народите на овие две земји и им дава за право и охрабрување дека прифаќањето на европските вредности е сериозен влог во нивните аспирации еден ден да го остварат својот стремеж и да бидат рамноправни членки на Европската Унија", рече Спасовски на донаторската конференција за Албанија во Брисел.

Своето обраќање пред Европската Комисија во Брисел, и пред претставниците на владите на земјите членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан, Спасовски го заврши со пораката во името на народот на Македонија, дека предлогот за новата методологија за процесот на проширување на Европската Унија, донесе нови очекувања, и дека во претстојниот период ќе ја дочекаме убавата вест од Брисел за старт на преговорите.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

притисни ентер