Средба Бектеши-Галовеј: Обединетото Кралство е втор најголем трговски партнер на Македонија

Добрите билатерални односи се основа за продлабочување на соработката.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство Н.Е. Рејчел Галовеј.

На состанокот разговараа за економските приоритети на Владата во новиот мандат, економската соработка меѓу двете земји како и можноста за продлабочување на истата.

Министерот ја информираше амбасадорката за мерките и реформите кои ги спроведе Владата и Министерството за економија за поддршка на економијата за справувањето со кризата предизвикана од КОВИД - 19, посебно на мерките од новиот четврт пакет кој ќе значат дополнителна поддршка за бизнисот и граѓаните во справување со последиците од пандемијата.

Министерот ја информираше амбасадорката Галовеј дека Обединетото Кралство е втор по големина трговски партнер на Македонија, а вкупната билатерална трговија меѓу двете земји е во континуиран раст во последните неколку години.

Двајцата се согласија дека има простор за продлабочување на трговската соработка меѓу двете земји, пред се поради присуството на британските инвеститори на македонскиот пазар.

Министерот се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Британската влада ја дава на Министерството за економија во делот на подобрување на регулативата за Јавно приватно партнерство.

Министерот исто така ја информираше амбасадорката за реформите предвидени во рамки на Министерството за економија во наредниот период во делот на поддршка на бизнисот. Програмска определба на Владата во наредниот период е да се зголеми поддршката на компаниите во делот на инвестиции во нови технологии, човечки капитал и иновации.

Во делот на енергетиката министерот исто така ја информираше амбасадорката дека во наредниот период Министерството за економија ќе продолжи со поддршка на инвестиции во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија, што ќе значи подобрување на целиот енергетски систем во државата.

Амбасадорката му го честиташе новиот, втор мандат на министерот Бектеши како министер за економија и двајцата се согласија дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период.

Одделение за односи со јавност, Министерство за економија

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер