Средба Џафери – Мускат: Заеднички да се работи на зајакнување на соработката меѓу двете земји

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска се сретна со премиерот на Република Малта Јозеф Мускат кој е во прва официјална посета на земјава.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека средбата поминала во пријателска и конструктивна атмосфера на која се разменети повеќе информации и мислења околу идната соработка на двете земји, како на политички, така и на економски план.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, изрази надеж дека средбите на високо ниво меѓу двете страни во наредниот период ќе се интензивираат и тоа ќе претставува можност за продлабочување на севкупната соработка на сите полиња. Џафери нагласи дека, Република Македонија со Република Малта нема отворени прашања на политички план и односите се коректни и пријателски, но во иднина треба заеднички да се работи на зајакнување на економската и трговска соработка, затоа што постојат сите предуслови и потенцијал за тоа.

Тој изрази благодарност за досегашната поддршка од страна на Малта за нашите евроинтеграциски процеси и истакна дека за нас е добредојдена помошта и искуството кое може да го добиеме од Република Малта.

Претседателот на Собранието го информираше гостинот за силната определба на нашата држава за развивање соработка и добрососедски односи со сите земји во нашето опкружување и во таа насока, изрази надеж дека најдоцна до средината на јануари 2019-та година, ќе се завршат собраниските процедури околу уставните амандмани и со тоа ќе се заокружи и овој процес на отворање на вратите кон НАТО и ЕУ.

Претседателот на Владата на Малта, Јозеф Мускат изрази задоволство од топлиот и пријателски прием на кој наиде во Република Македонија и изрази надеж дека добрите и пријателски односи ќе продолжат да се развиваат и во иднина. Исто така, премиерот на Малта искажа подготвеност на неговата земја да даде поддршка на Република Македонија на планот на интегрирање во ЕУ и тоа со конкретни програми и планови, доколку тоа биде побарано од нив, како на технички, така и на административен план.

На крајот на средбата, Џафери искористи можност уште еднаш да упати преку својот гостин покана до претседателот на Парламентот на Малта да ја посети Република Македонија и воедно ги повика парламентарците на двете земји да ја интензивираат и зајакнат нивната комуникација и соработка.

Двајцата соговорници се согласија дека ќе дадат максимален придонес за продлабочување на идната соработка на секој план.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер