Станојковиќ одбра со кои играчи ќе настапи на УЕФА квалификацискиот турнир

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 17 години, Вујадин Станојковиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојниот УЕФА квалификациски турнир за пласман во елитната фаза кој ќе се одржи во Бургас, Бугарија во периодот од 21 до 26 октомври.

Во групата 12, нашата млада селекција силите ќе ги одмери со домаќинот Бугарија, Италија и Шкотска.

Станојковиќ дополнително ќе реши за уште еден играч кој ќе го пополни конечниот список од 18 фудбалери.

Голмани: Христијан Стевковски (ФК Скопје), Благојче Иванов (ФК Металург);

Одбрана: Андреј Кировски (ФК Динамо Загреб), Антонио Митрев (ФК Металург), Михаил Маневски (ФК Академија Пандев), Тодор Тодороски (ФК Металург);

Среден ред: Филип Стојчевски (ФК Металург), Христијан Делевски (ФК Академија Пандев), Елиф Елмаз (ФК Работнички), Јани Атанасов (ФК Академија Пандев), Филип Јовановски (ФК Металург), Марко Ферукоски (ФК Офенбах Кикерс), Димитар Митровски (ФК Магдебург);

Напад: Бобан Здравевски (ФК Металург), Кристијан Трапановски (ФК Академија Пандев), Борче Ласков (ФК Вардар), Мена Аздрен (ФК Академија Пандев).

Првиот натпревар Македонија го игра на 21 октомври против селекцијата на Шкотска со почеток во 18 часот.

Зеленски го потпиша законот за мобилизација - затвореници ќе можат да заминат на фронт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпиша законот за мобилизација, кој, меѓу другото, предвидува некои категории осуденици да можат да служат војска.

Според документот, затворениците ќе можат да се мобилизираат во армијата за договорна служба и ќе бидат пуштени на условна слобода.

Според министерот за правда, во Украина има околу 10-20.000 осуденици, кои можеби во иднина ќе бидат мобилизирани и ќе служат во специјалните единици, пренесува РБК Украина.

Заменик министерката за правда Елена Висоцка, пред усвојувањето на законот, изјави дека истражување спроведено во април покажало дека околу 4.000 илјади затвореници се согласиле да одат на фронтот во замена за условно ослободување од издржување на казната.

Истовремено, одбиени се околу 4.000 осуденици на кои им биле дијагностицирани заразни болести како ХИВ, хепатитис и туберкулоза.

Како што е наведено од Министерството за правда, на 15 мај 2024 година во украинските затвори имало 27.471 осуденик, меѓу кои 1.538 жени.

Заменик министерката за правда додаде дека за законско функционирање потребно е носење подзаконски акти. Според неа, за околу неколку недели законот ќе биде целосно имплементиран.

Зеленски денеска потпиша и посебен закон за зајакнување на одговорноста за воени прекршоци, со кој се зголемуваат казните за оние кои нема да ги почитуваат правилата за мобилизација. Документот предвидува зголемување на казните за прекршување на правилата за воена администрација и законодавството за одбрана, воена служба и воена служба, мобилизациска обука и мобилизација. /МИА

Санчез: Шпанија ќе ја признае Палестина само во заедничка акција со други земји

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Мадрид ќе ја признае палестинската држава само како дел од заедничката акција со другите земји.

Во интервју за ТВ станицата „Ла Секста“, Санчез ги негираше и информациите дека Мадрид ќе ја признае Палестина на 21 мај, пренесуваат британските медиуми.

Тој претходно изјави дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и верува дека наскоро ќе има „критична маса“ во ЕУ што ќе принуди неколку членки да заземат ист став.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на крајот на април изјави дека неколку земји од Европската унија имаат намера да ја признаат Палестина како независна држава до крајот на мај.

Во март, Шпанија, Ирска, Малта и Словенија најавија дека ќе работат заедно за признавање на палестинската држава. Меѓу членките на ЕУ, независноста на Палестина ја признаваат и Бугарија, Унгарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска.

Во моментов, Палестина е призната како независна држава од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации./МИА

Путин: Русија создава тампон зона крај Харков, не планира освојување на градот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека целта на руската офанзива во регионот Харков во Украина е да се создаде тампон зона, но не и да се освои главниот град на регионот, пренесе Бета.

Путин во кинескиот град Харбин, каде што се наоѓа во официјална посета, изјави дека нападот на руските сили врз регионот Харков е одговор на украинското гаѓање на рускиот пограничен регион Белгород.

-Јавно кажав дека доколку така продолжат ние ќе бидеме принудени да создадеме безбедносна, санитарна зона, рече рускиот претседател.

Путин оцени дека руската армија „секојдневно постигнува резултати“ во битките во областа Харков, дека „напредува според планот“ и дека засега Русија не планира да го окупира Харков.

На 9 мај Москва започна ненадејна офанзива во регионот Харков и веќе освои најмногу територија во последните година и пол. /МИА

притисни ентер