Статистика: Во 2018 година родени 21.333 деца, бројот на умрени лица 19.727

 Минатата година во земјава имало 21.333 живородени деца, а бројот на умрени лица бил 19.727, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во градските средини се родени повеќе деца отколку во селските средини, односно бројот на живородени деца во градските подрачја изнесувал 12.598 наспроти 8.735 новородени во руралните подрачја. По региони, најголемо учество во вкупниот број раѓања има скопскиот регион со 37,6 проценти, а најмало источниот регион со 6,5 проценти.

Во градските средини е поголема просечната возраст на мајката отколку во селските средини, а иста е ситуацијата и со просечната возраст на мајките кај првите раѓања. Статистиката покажува дека просечната возраст на мајката во градските подрачја изнесува 29.8 години наспроти 28.1 година во селските подрачја.

Кај умрените лица, повторно поголем е бројот на умрени во градските средини отколку во селските. Така, во градовите бројот на умрени лица изнесува 12.091 лице наспроти 7.636 умрени во селските средини. Најголемо учество има скопскиот регион, а најмало вардарскиот регион. Бројот на умрени доенчиња во градските подрачја е 69, додека во селските подрачја 53 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73 години, а во селските средини 73.7 години.

Статистиката бележи негативен природен прираст во пет региони во државата и тоа Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот и Пелагонискиот.

Кај внатрешните миграции најголемо учество од 37 проценти имаат преселбите од село во град. Во овој дел предничи Источниот регион, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во скопскиот, а најмало во вардарскиот регион.

Се одбележува 20 мај – денот на македонските пожарникари

Возила стари по неколку децении, ниски плати, а се помалку ги има оние кои ја носат униформата, Скопје денеска го одбележува денот на „Хероите на градот“.

Во речиси милионски град, само 180 лица се борат со оган од кои веќе голем дел се пред пензија, помагаат во сообраќајни незгоди и се први секаде каде што се потребни.. Командантот на скопската пожарна вели итно се потребни нови вработувања, а проблемите ги посочи и градоначалничката Арсовска.

Еден од оние кои се збогуваат со униформата Сретко Цимевски кој 40 години од својот живот ги поминал во бригадата, застанувајќи пред бројни предизвици и спасувајќи човечки животи, а до помладите порача, оваа работа се работи само навистина ако се сака...

-Оној кој ќе дојде во противпожарната бригада навистина треба да ја сака работата и да ја извршува како што треба. Јас имам најмногу пожари и најмногу ризици, но ризиците не сум ги гледал се додека сум работел, немало ризици додека се работи, секогаш сме биле победници во работата,- -Сретко Цимевски – Командант на чета.

А, денеска и покажаа дел од она што го нив им секојдневие.

Други пак покрај храброста и борбата со огнот, ја покажаа истата и во борбата со стереотипите, Билјана Денчовска е првиот пожарникар жена, ја носи униформата веќе 20 години, отворајќи го светот на пожарникарите за останатите жени во земјава...

Пред 20 години беше чудо, јас кога дојдов тука самиот командант се чудеше, вика, што ќе правам со тебе сега, ова е машки манастир?

Се соочила со бројни страотни ситуации, а дел од нив и ги сподели.

-Мислата е сакаш да полеташ, едноставно да си таму на местото за да спасуваш, такво е чувството, ти не размислуваш за себе тогаш, размислуваш таму да се спасат повеќе, ако има луѓе. Бевме на поплавите, се сеќавам, таму видов и многу жртви имаше, сме се соочиле со страшни работи,- Билјана Денчовска – Пожарникар.

Најдобриот пожарникар во изминатата година вели дека е дел од група која е полна со хуманост и храброст и е чест да се дели со нив секојдевнието.

-Ќефот ми е да спасувам, да бидам благодарен на професијата,- Пепи Трајчевски – Најдобар пожарникар во изминатата година.

А, по неговите стапки се подготвува да тргне и неговиот син.

-Тато е најдобар пожарникар, многу добро работи. Кога ќе пораснам сакам да бидам пожарникар, зошто сакам со тато да работа.- Марко Трајчевски – Син на пожарникар.

Пожарникарите велат што се однесува до опремата имаат малку подобри услови, но габаритната, како камионите е она што им недостасува. За Скопје е предвидено да има најмалку 450 пожарникари, а во моментов граѓаните ги опслужуваат трипати помалку.

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк.

Поради повторување на гласањето за Парламентарните избори 2024 во седум гласачки места во Изборните единици 5 и 6, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува националните радиодифузери и радиодифузерите кои емитуваат програма на подрачјето на Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино дека за нив важат обврските за изборниот молк, кој почнува од ноќеска на полноќ и ќе трае до 19 часот на 22 мај 2024 година.

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Дали со изјавата за планови во „црвени подруми“ има латента закана од страна на Ахмети?

Има ли латентни закани од страна на Али Ахмети за неговите обвинувања дека зад прегласувањето стојат наводни договори мегу  ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Дел од аналитичарите препознаваат опозициски наратив, а од силината на нивните аргументи ќе стане појасно дали обвинувањата држат вода или се вовед во политички тензии.

притисни ентер