Стефанова: Имам овластување да ја водам постапката за „Титаник"

Јавната обвинителка Лиле Стефанова смета дека има овластување да ја води постапката по предметот „Титаник", но и дека треба сериозно да се погледнат укажувањата на одбраната изнесени на денешното рочиште.

Стефанова, по одложувањето на денешното рочиште за случајот „Титаник" на СЈО, каде таа е застапник на обинението, посочи дека одбраната не побарала изземање на неа или на Катица Јанева, туку изнела повеќе околности заради кои бара прекинување на расправата.

– Сметам дека сите тие укажувања треба сериозно да се размислат и да ги погледнеме. Колегиумот на јавни обвинители во СЈО да ги разгледа и да донесеме заеднички заклучок како понатаму ќе постапуваме. Денеска не беше побарано мое изземање. Не беше побарано изземање на Катица Јанева, туку беше побарано прекин на постапката, изјави Стефанова.

Прашана дали обвинителката Елизабета Јосифовска има право да ја менува Катица Јанева, Стефанова, рече дека таа нема такви права.

– Во судница нагласив. Јас лично сметам дека имам овластување да ја водам постапката и денеска да постапувам, меѓутоа сакам да дадам простор да размислиме убаво и да видиме што понатаму, изјави Стефанова.

Специјалното јавно обвинителство во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и затоа апелирам политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките, изјави денеска обвинителка Лиле Стефанова.

Посочи дека имаат сериозни истраги и дека со неносењето на законот и немањето на овластување и поставувањето на прашањето дали имаат овластување, му даваат огромен простор на криминалот.

Во однос на тоа дека шефот на СЈО Катица Јанева е осомничен за криминал, Стефанова нагласи дека шефот е осомничен за криминал од пред два дена, така што работата во институција со осомничен шеф за криминал не постои.

– Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди со тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно, изјави Стефанова.

Прашана дали се оградува од Катица Јанева, Стефанова, рече дека никој пат ниту се приближила.

– Јас никој пат не сум и се приближила на Катица, од самиот старт се оградувам, истакна Јанева.

Прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, Стефанова рече дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија.

– Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат, изјави Стефанова.

Во однос на тоа дали се гледа како иден шеф на СЈО, Стефанова рече дека ниту се гледа, ниту пак има намера да конкурира за шеф на СЈО. /МИА.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер