Стоилковски: Заев со флаери се фали дека ја победиле короната, кога по 60 луѓе дневно се заразуваат, и по неколку умираат, ако ова е победа, како ли изгледа пораз

Да се бара избори во една ваква ситуација е чиста лудост и доказ за отсутноста на Зоран Заев од реалноста. Дека се работи за чиста лудост докази се и флаерите кои што ги делат по граѓаните, а во кој Заев и СДСМ се фали дека го победиле вирусот.&n

За Ковид 19 пишуваат "Првата битка ја добивме, ги заштитивме граѓаните, и ги заштитивме здравствените институции", тоа е обичен пафлет и опасна лага на Заев во која ни тие не веруваат. Како се фалат дека ја победиле короната кога по 60 луѓе дневно се заразуваат, а по неколку умираат. Ако ова е победа, како ли изгледа пораз. Има ли срам Зоран Заев за вака дрско да лаже и да манипулира со граѓаните.

Зоран Заев и неговата Комисија за заразни болести која делува партиска, директно го туркаат народот кон организирано убиство кое што тие го викаат избори.

Згора на тоа глумат нормализација во услови кога по шеесетина граѓани дневно се заразуваат и по неколку умираат.

Зоран Заев и СДСМ се директно одговорни за ширење на Ковид 19. Тие преку нивната неспособност овозможуваат хаос во системот, но и преку предвремениот почеток на изборната кампања доведуваат во ризик илјадници граѓани.

Ова е чиста лудост која што извира од еден човек, кој ја држи целата држава во заложништво.

По итно да престанат лагите и Заев да признае дека не успеа да го аштити здравјето на граѓаните и дека системот е трул и нефункционален.

Веднаш да се повлечат лажните флаери кои не само што преставуваат кршење на законот, туку и луда лага којашто може да ја доведе во заблуда целата јавност.

Местото на овој флаер на Заев во корпа за отпадоци, и на столбот на неговите срамни лаги.

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот адвокат на Трамп доби отказ од радио, поради тврдења за изборна измама во 2020.

Емисијата на поранешниот градоначалник на Њујорк и адвокат на Трамп, Руди Џулијани, е повлечена од етерот поради неговите коментари за наводна изборна измама на претседателските избори во САД во 2020 година.

Шоуто на Џулијани беше повлечено од радиото WABC по налог на неговиот сопственик, републиканскиот милијардер Џон Кациматидис.

Кациматидис изјави за Њујорк Тајмс дека веќе двапати го предупредил Џулијани.

„Нема да зборуваме за заблуди на изборите во ноември 2020. Го предупредивме еднаш. Го предупредивме двапати. И синоќа добив порака од него, а утрово добив порака од него дека одбива да не зборува за тоа“, рече тој.

Тој истакна дека Џулијани не му оставил избор и дека е суспендиран, пренесува Washington Examiner. Поранешниот градоначалник ја осуди одлуката на радио станицата како политичка и ги негираше наводите на Кациматидис дека постојано бил предупредуван да не зборува за изборите во 2020 година, Џулијани, исто така, рече дека не знаел дека бил отпуштен додека не го контактирал „Њујорк тајмс“.

Кациматидис рече дека Џулијани бил суспендиран поради коментарите што ги дал во емисијата во четвртокот кога се пожалил на правните случаи против него и суспензијата на неговата адвокатска лиценца. WABC го исклучил шоуто додека Џулијани сè уште зборувал. Грчкиот милијардер навести дека се согласува со коментарите на Џулијано за изборите, но дека мора да се почитуваат правилата на компанијата.

Македонски Концепт со честитка по повод инагурација на Проф.Гордана Силјановска Давкова

Македонски Концепт  со честитка по повод инагурација на Проф.Гордана Силјановска Давкова за нов Претседател на Република Македонија.

Политичката партија Македонски Концепт го честита изборот на Проф.Гордана Силјановска Давкова за нов Претседател на Република Македонија.

Посакуваме успешен претседателски мандат и повикуваме да се работи во рамки на принципите и вредностите за кои им говоревме на граѓаните за време на изборната кампањата.

Центар за комуникации и анализи на Македонски Концепт

Претседателката Силјановска - Давкова: Ќе ја оправдам довербата (Во живо)

Во присуство на политичари, лица од општествениот живот, амбасадори и други гости , во Собранието почпна инаугирацијата на претседателката Гордана Силјановска- Давкова.

Време е за единство, порача претседателката Силјановска- Давкова, која рече дека им се обраќа пред сѐ на жените. Среќна сум што првите честитки дојдоа од Дорис Пак ,.од моите колешки од сите континенти. Роденденот го поминав со американската амбасадорка Аџелер, рече Силјановска и додаде дека овој говор им го посветува на жените.

Проф.др. Силјановска Давкова е шестиот претседател на Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

Сиљановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на вториот круг од Претседателските избори одржани на 8 мај 2024 година го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски. Според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) Сиљановска - Давкова освила 561.001 глас, а нејзиниот противкандидат Пендаровски 251.881 глас.

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Сиљановска-Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

По победата на изборите таа вети дека ќе биде претседател на сите граѓани.

Говорот на претседателката Силјановска- Давкова може да го следите на овој ЛИНК.

притисни ентер