Стојаноски: Заев потфрли, Комисијата за заразни болести ги стави партиските интереси пред здравјето на граѓаните

Прес на Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ за одлуките на Комисијата за заразни болести

За жал, Република Македонија е помеѓу земјите во кои граѓаните, на дневна основа, слушаат за двоцифрени бројки на ново заразени од корона вирусот, додека во исто време, земјите од нашето опкружување ги отвoраат границите и прогласуваат успшен исход во борбата со пандемијата на Ковид 19. Нашата земја е високо на листата, но на онаа негативната, според бројот на заболени на милион жители и според бројот на починати на милион жители.

Дали и зошто граѓаните се оставени сами да се справат со т.н. „нова реалност”?

Се поставува прашањето зошто актуелната власт и надлежните институции, а пред се министерството за здравство, комплетно потфрлија во справување со корона вирусот споредбено со земјите од нашето опкружување?

Ние како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, од самиот почеток на оваа криза, бараме во континуитет да постои само еден единствен приоритет, особено сега во актуелните новонастанати услови, а тоа е здравјето на граѓаните да се стави пред сè и над сè.

Дали е толку тешко да се реализира ова барање? За разочарувањето од одлуките на Комисијата за заразни болести е беспредметно да се коментира.

Прашуваме зошто, наместо да ги направат сите напори за справување со епидемијата според етаблираните епидемиолошки и медицински параметри, членовите на Комисијата се потрудија единствено да ги следат и задоволат партиско-политичките интереси?

Дали и зошто, повеќето од членовите на Комисијата за заразни болести се презентираа како лица кои ги ставија личните и партиските интереси пред интересот и здравјето на граѓаните?

Тоа ќе го проценат граѓаните сами.

Република Македонија располага со реномиран и докажан медицински кадар кој што знае прецизно како и што треба да се направи во една ваква состојба.

Затоа мора да го искористиме потенцијалот на професионалците и да се формира ново, комплетно независно тело од докажани експерти на кои водилка им е пред сè и над сè здравјето на граѓаните.

Остануваме доследни на сè што сме изјавиле досега. Наш единствен приоритет беше, е и ќе остане здравјето на граѓаните.

д-р. Синиша Стојановски, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Лос Анџелес испушти 54.000 литри вода од канализација во океанот, забрането е капењето

Повеќе од 54.500 литри необработена отпадна вода се излеа во Тихиот Океан, што ги натера локалните здравствени власти во Лос Анџелес да ги предупредат жителите да не пливаат во водата на плажата Доквејлер, плажата Венис и околината.

- Не се знае кога ќе биде укината забраната, но луѓето треба да ја избегнуваат водата и влажниот песок, од реката Балона до 1,5 километар северно од плажата Венис и 1,5 километар јужно од Доквајлер - објави Секретаријатот за јавно здравје на областа Лос Анџелес, објавија локалните медиуми.

Излевањето на канализацијата започнало во средата и завршило околу пладне во четвртокот, додадоа властите.

Засега нема информации за тоа како штетните материи влегле во океанот, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Здравствените власти вчера започнале со тестирање на водата, а забраната ќе остане во сила додека два теста не покажат дека нивото на бактерии ги исполнува безбедните здравствени стандарди.

Орбан и Си потпишаа бројни договори- од брза пруга до фабрика за електрични автомобили

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши својата петдневна европска турнеја во Будимпешта (ги посети и Париз и Белград) со разговори со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарија е најголемиот пријател на Кина во ЕУ и меѓу членките на НАТО, толку многу што кинеските инвестиции се водечки во таа земја. Тоа е повеќе од десет милијарди евра, што е најмногу од сите. Со оглед на тоа што Орбан е еден од најголемите „натрапници“ во ЕУ, е во постојан конфликт со политиката на Брисел и е голем поддржувач на Владимир Путин, не без причина се вели дека тие играат улога на тројански коњ, а двоен: кинеско-руски. Унгарија е важна за Кина токму поради нејзиниот статус како членка на ЕУ затоа што сака таа да биде полигон или порта за пробивање на европскиот пазар, со обид да се изврши политичко, а не само економско влијание.

Во својот „ексклузивен“ текст за унгарските медиуми, Си Џинпинг ја пофали „независната надворешна политика на Унгарија“ и посочи дека таа „пркоси на политиката на големите сили“, а се сомневаме дека мислел на Кина, но пред сѐ на САД. За време на средбата Орбан одговори дека „Пекинг е еден од столбовите на новиот светски поредок“ и најави „почеток на златното доба“ во меѓусебните односи.

„Фајненшл тајмс“ забележува дека мотивот на кинеската политика е да ги убеди европските земји да се дистанцираат од политиката на САД, кои постојано сакаат да го попречат позиционирањето и развојот на Кина. Додуша, да додадеме, тоа ќе се случи ако на власт во САД повторно дојде Доналд Трамп, кој и онака ја смета Кина за „клучен непријател“, а Орбан отворено се залага за негово враќање во Белата куќа?

Но, додека не дојде тоа време, Орбан ја пофали соработката со Кина, отвори дополнителни инвестициски канали за неа, најави дополнителни даночни и царински поволности и полесна експропријација на земјиштето и градежните дозволи. Тој најави и проширување на „нуклеарната индустрија“ и го поддржа општиот и не многу транспарентен кинески мировен план за Украина.

Иако ЕУ сака да го забави, за да ја заштити сопствената автомобилска индустрија, навлегувањето на кинеските автомобили, особено на електричните, на локалниот пазар, Унгарија, и покрај негодувањето во Брисел, ги отвори вратите за производство на кинески BYD електрични автомобили. Сега е постигнат договор уште еден голем кинески автомобилски гигант Great Wall Motor (GWM Group) да го отвори своето производство, а во Дебрецен се гради една од најголемите фабрики за производство на литиум-јонски батерии за електрични автомобили.

Ова ќе ја направи Унгарија вториот светски производител на батерии за автомобили, по Кина и пред САД. Според Би-Би-Си, во Унгарија има вкупно 36 такви фабрики, кои веќе работат, се градат или се планира да се изградат. Унгарија е поволен партнер бидејќи не поставува прашања за еколошките стандарди, а горе-долу нема никакви медиумски дискусии за такви кинески инвестиции. Но, има еден интересен „кеч“ - Будимпешта е најригидниот противник на мигрантите, а сега на толку фабрики им е потребна работна сила, па постои страв дека Унгарија ќе мора да увезе многу работници, и тоа евтини. Ова е проблем кој очигледно го чека Орбан зад аголот, иако сè се одвива под државно-партиско-медиумска контрола.

Колку Унгарија стана важна за Кина говори податокот дека ќе бидат воспоставени дури 17 летови неделно меѓу Будимпешта и неколку кинески градови, а за возврат Кинезите ќе изградат брза пруга што ќе го поврзува аеродромот во Будимпешта со градот. Покрај тоа, Кина сака да изгради брза пруга меѓу грчкото пристаниште Пиреја, кое целосно го контролираат и кое е нивно „домско“ пристаниште во Европа, преку Македонија (по смената на власта во Скопје сега ќе биде полесно да се направи) и Србија до Будимпешта, со тенденција да оди понатаму.

Неколкуте демонстранти беа држени подалеку од Си, особено еден облечен во костим на Вини Пу. Имено, кинескиот лидер е испровоциран од неговите ривали кои тврдат дека личи на тој цртан лик, што неописливо го иритира Си.

Но, проблемот е што ЕУ рече дека оваа насока не им е приоритет, но Кина секако има средства да го направи тоа и покрај незадоволството на Брисел. Некои унгарски независни аналитичари стравуваат дека поради ваквата кинеска инвестиција и кредитирање, Унгарија би можела да се најде во должничко ропство, а поради што Грција „остана“ без пристаништето Пиреја.

Морбидно: Со години ги чекаат посмртните останки од починатите- полицијата започна истрага

Семејството на починатиот Британец Денис Смајли им пријавило на властите дека три години ги чекаат неговите посмртни останки по кремирањето.

После тоа, полицијата започнаla истрага против директорите на погребалното претпријатие во Спрингбурн, Глазгов, поради наводите дека посмртните останки на починатите биле „погрешно ракувани“,објави Мирор.

И други семејства на починатите се пожалиле дека не им се вратени парите платени за кремирање, иако телата на нивните најблиски се уште не се кремирани.

Националната асоцијација на погребални директори (NAFD) потврди дека директорите на погребалниот дом на А. Милн се предмет на дисциплинска постапка и дека треба да бидат сослушани.

Полицијата на Шкотска потврди дека истрагата е во рана фаза.

притисни ентер