Страотна сообраќајка во Влае, преполовен шевролет, тешко повредена скопјанка и уште две лица

32 годишна жена е тешко повредена а уште две лица поминале со телесни повреди во синоќешната страотна сообраќајка во близина на  мостот Влајко во Скопје.. 

Во стабилна состојба е 32-годишната жена која беше тешко повредена во страшната сообраќајна незгода, која се случи во близина на мостот Влајко во населбата Влае.

Според извори на Канал 5, жената била хоспитализирана на Клиниката за дигестивна хирургија и по повеќечасовна операција и била извршена спленектомија.

На местото на несреќата, утринава се уште можеа да се видат остатоци од оштетените возила, кои по неколку часа од сообраќајката беа отстранети од булеварот Партизански одреди.

„Непочитувањето на сообраќајните знаци и возењето со прекумерна брзина се едни од најчестите причини за тешките сообраќајни несреќи во Македонија.“

Според МВР, несреќата се случила околу 2.25 минути по полноќ на крстосницата од булеварот Партизански одреди и улицата „Ангел Динев“. Истрагата е уште е во тек .. до сударот дошло откако моќното ауди, удрило во шевролетот, во момент кога возилото се приклучувало на булеварот. 27 годишниот возач на аудито од Сарај и неговиот 32-годишен совозач од селото Љубин се здобиле со полесни повреди, констатирани во билницата „8 Септември“ и градската болница „Св. Наум Охридски“ по што и двајцата биле пуштени на домашно лекување.

Граѓаните велат, дека луѓето се помалку ги почитуваат сообраќајните правила и сметаат дека со почести полициски контроли, може да се стави во ред, како што велат, беснеењето по булеварите.

Од почетокот на месецов, ова е трета тешка сообраќајка на македонските патишта. Во несреќа на патот Радовиш-Штип загинаа две лица, а пред два дена на експресниот пат Штип-Кочани загина 39-годишен скопјанец, а неговата сопруга и двете деца биле повредени.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер