Стресот како пречка за посакуваната бременост

Новите истражувања дадоа предупредувачки информации за здравјето на жената...

Брзото темпо на живот, секојдневните обврски и проблеми на работа се главната причина за стрес.

Стресот е причина за многу болести и речиси секој доктор ќе го потврди тоа. Најчесто е предизвикан од брзото темпо на живот, секојдневните обврски и проблемите на работа. Во денешно време, жените повеќе од кога било се изложени на стресни ситуации. За да го редуцираат стресот, потребно е да се променат многу работи, а особено оние што планираат бременост.

Секоја жена во текот на бременоста поминува низ некаков стрес, но таа мора да најде начин да се справи со него уште пред да забремени.

Истражувањата покажале дека Американците во денешно време доживуваат повисок степен на стрес во однос на претходните години, па паровите кои сакаат да имаат дете треба особено да се внимателни зашто тоа влијае на плодноста кај жената.

За да дојдат до овие сознанија, истражувачите од најголемата истражувачка болничка компанија во Америка, Mас Генерал Бригам, проучувале речиси 400 жени на возраст од 18 до 45 години кои биле подложени на третмани за неплодност и откриле дека оние кои забремениле и доживувале поголем стрес во текот на бременоста, имале повисоко ниво на шеќер во крвта, што е предуслов за многу кардиоваскуларни заболувања.

Ова особено било присутно кај жени кои биле подложени на вештачко оплодување, а потоа и кај жени со висок социо-економски статус. Ова најверојатно се должи на повисоките нивоа на стрес на работа и потешкотиите да направат баланс помеѓу барањата во приватниот живот и барањата на работа, пишува cbsnews.com.

Иако стресот е неизбежен за многумина од нас, вклучувајќи ги и трудниците или оние кои планраат бременост, експертите препорачуваат да се обрне посебно внимание на одредени работи. Со цел да се намали стресот пред зачнување, тие препорачуваат вежбање, избегнување алкохол, здрава исхрана и одржување на социјалните врски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер