Суботиќ можно засилување за Ливерпул

Играчот на Борусија Дортмунд Невен Суботиќ е можното засилување за екипата на Ливерпул во зимскиот преоден рок.

Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп се соочува со проблеми на повредени играчи од одбраната (Мартин Шкртел, Дејан Ловрен, Мамаду Сахо), па Суботиќ станува се пореална опција како нов играч на Ливерпул.

Оваа сезона Суботиќ во Борусија ја нема минутажата што ја имаше кога токму Клоп беше тренер на „милионерите“, а тие двајцата сорабутуваа и во бундеслигашот Мајнц.

Во обид брзо да најде замена за повредените играчи од одбраната Клоп, го врати од позајмица од Астон Вила, Португалецот Тиаго Илори и тој би требало да биде решение за утрешниот дуел од 3.коло од ФА купот против Ексетер. Поради повреда утре нема да може да игра и ветаранот Коло Туре.

Во периодот што следува Ливерпул по дуелот се Ексетер има два тешки натпревара од Премиер лигата на домашен терен со Арсенал (13.јануари) и Манчестер Јунајтед (17 јануари). /МИА

Џафери од Пресот 100 дена Влада: Спроведовме европски избори, пред новата Влада е чист пат

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, одржа прес-конференција на којашто се осврна на работата во изминатите 100 дена, од неговиот избор за премиер и формирањето на Владата.

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери, одржа прес-конференција на којашто се осврна на работата во изминатите 100 дена, од неговиот избор за премиер и формирањето на Владата, со примарна обврска да ги организира и спроведе претседателските и парламентарните избори во државата.

Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на премиерот Џафери на прес-конференцијата:

„Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на двојните, претседателски и парламентарни избори. И оваа приоритетна обврска, доверена согласно Уставот и законите, и јас како премиер, и Владата - доследно ја исполнивме.

Спроведовме европски избори, во слободни, мирни, фер и демократски изборни процеси во двата изборни круга. Избори што ќе се спомнуваат по тоа како може, и како треба да се сработи во интерес на граѓаните и државата. Со тоа, со право можам да оценам дека придонесовме во европското поведение на земјата, којашто се стреми да биде членка на Европската Унија. Потврда на моите зборови се и честитките и изразите на почит и од нашите европски партнери.

Ако по нешто се оценуваат европските и демократските капацитети на една власт – тогаш тоа се изборите. И во оваа прилика, изразувам благодарност и до институциите и до граѓаните, затоа што беа на висина на одговорноста и придонесоа кон нашите искрени заложби - државата да напредува според европските вредности.

Токму вака, на дело, се работи за големата европска идеја. Очекувам овој правец да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Македонија, мирот, спокојот и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредокот во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство, во динамичен процес, до 2030 година. Шансата е пред државата и пред новата Влада, исто така и одговорноста!

Сега треба и мора да се продолжи по европскиот пат, со преточување на граѓанската волја во новата извршна власт. Граѓаните очекуваат реализација на ветеното, но и стабилно, предвидливо и напредно општество, во кое ќе се чувствуваат сигурно и во чекор со развиениот демократски свет.

Почитувани,

Денеска, кога одбележуваме 100 дена од формирањето на Владата што ја предводам, со чист образ, мирна совест и должна почит кон сите граѓани, можам да оценам дека тоа што го најавив кога стапив на должноста, дека ќе работам во интерес на сите граѓани и на државата, го спроведов.

- Потврдив дека моето именување за премиер, како прв премиер Албанец на Македонија е уште еден придонес во демократијата во Македонија.

- Продолживме по стратешкиот евроатлантски колосек, којшто е од највисок државен интерес. Учествував на важни меѓународни настани, со цел афирмација на стратешките евроатлантски определби. Реализирав бројни средби на значајни меѓународни настани, со високи претставници на Стејт Департментот, на државите членки ЕУ, со премиерите од Западен Балкан.

- Ги донесовме и сите други потребни одлуки од значење на квалитетот на живот на граѓаните – согласно надлежностите што ни ги овозможуваат Уставот и законите. Пред сѐ, овде мислам на решенијата што ги изнајдовме за приоритетните проблеми и во таа насока, спроведената ефикасна координација со и помеѓу институциите. Доаѓајќи од законодавниот дом, имав прилика да се насочам и на прашањата коишто беа иницирани од поодамна, а за кои имав можност да најдам решение во својство на премиер.

Почитувани граѓани,

За сите активности на Владата што ја предводам, може подетално да прочитате во публикацијата чиј линк ќе го добиете, а којашто претставува Извештај за првите 100 дена од работата на Владата што ја предводев“, соопштуваат од Владата.

Пленковиќ стана мандатар - мора да состави Влада до 9 јуни и по трет пат премиерска функција

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска му го врачи мандатот за формирање на новата хрватска влада на претседателот на ХДЗ и поранешен премиер Андреј Пленковиќ.

Во согласност со Уставот, Милановиќ ќе го свика парламентот на првата конститутивна седница во четврток, на 16 мај. На таа седница ќе се избере нов претседател на парламентот (најверојатно повторно Гордан Јандроковиќ), потпретседатели на парламентот и ќе се формира ново парламентарно мнозинство. Сите избрани пратеници ќе дадат заклетва и со тоа официјално ќе започне 11-тиот состав на хрватскиот Сабор, објави Индекс.

Откако Милановиќ му го врачи мандатот за состав на влада на Пленковиќ, врз основа на 78 потписи доволни за мнозинство, денеска почнува рокот од 30 дена за формирање на владата што ја мандатира Пленковиќ. Во тој рок, Пленковиќ е должен да ја претстави владината програма и составот на владата со сите потпретседатели и министри до хрватскиот Сабор и да побара гласање за доверба.

Уставот предвидува продолжување за уште 30 дена доколку владата не добие доверба во парламентот, но тоа не треба да се очекува со оглед на сите најави на пратениците, кои ќе го поддржат новото мнозинство.

Според тоа, гласањето на новата влада може да се очекува на крајот на следната недела, а рокот според тоа би бил 9 јуни. Во секој случај, Андреј Пленковиќ во следните недели ќе биде првиот во историјата кој по трет пат ќе биде избран за претседател на хрватската влада.

Приведен кочанчанец за агресивност и со пиштол удирање женско лице

Кочанчанец бил приведен поради агресивно однесување и удирање со пиштол женско лице, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 14 часот во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода О.Ц., на возраст од 38 години. Тој се сомничи дека околу 12.30 часот во угостителски објект во Кочани се однесувал агресивно и со пиштол удрил едно женско лице, појаснуваат од МВР.

Подоцна, при претрес во неговиот дом и во неговото возило „ауди“, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7,65 мм, 25 куршуми - калибар 7,65 мм и лисици за врзување.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер