Судење што ги подели САД: Тинејџер уби две и рани трето лице, па е прогласен за невин (ВИДЕО)

Поротата во Висконсин го прогласи Кајл Ритенхаус невин за пукање и убиство на двајца мажи и ранување на трет.

Ритенхаус крикна во солзи и прегрна еден од своите бранители додека судскиот службеник ја читал петтата и последна пресуда - „невин“.

По четири дена и повеќе од 25 часа размислување, поротата денеска се врати во судницата во Кеноша , Висконсин за да ја прочита пресудата со која се утврдила судбината на тинејџерот кој минатото лето уби двајца и рани трет во пукотница.

Ритенхаус, облечен во темно сино одело, замислено ја гледал поротата додека се читала пресудата. Во судницата биле и членовите на семејствата и најблиските на оние што ги уби.

Пред да ја прочита пресудата, судијата Брус Шредер пред судот изјави дека не сака никаква ескалација на одлуката на поротата.

Тој ги предупреди насобраните дека во просторијата има многу полицајци доколку тоа се случи.

„Ќе ве избркаат од тука ако направите нешто“, рече тој.

Ритенхаус, кој сега има 18 години, се соочуваше со обвиненија за убиство од прв степен од небрежност, две точки од обвинението за убиство со умисла од прв степен и две точки за ненамерно загрозување на безбедноста, откако застрела и уби двајца мажи во август 2020 година за време на протест против полициската бруталност во Кеноша, Висконсин .

Ритенхаус убил двајца мажи, а третиот го застрелал и го осакатил со оружје АР-15, откако отишол во Кеноша да заштити продавница за автомобили за која мислел дека може да биде уништена за време на протестот.

За почеток, треба да се истакне дека таа вечер, третата вечер од протестите на Кеноша, бил на сила полициски час поради насилните протести што се одржале претходните две ноќи. Тоа значи дека ниту на вооружената цивилна полиција која, како што тврдат, го чувала имотот од насилните демонстранти, ниту на самите демонстранти, не смееле да бидат на градските улици.

Околу два часа пред пукањето во кое бил вклучен, Ритенхаус дал изјава за продуцентот во живо на Фејсбук. Тој тогаш бил во Кеноша, во близина на автосалонот, со уште неколку вооружени мажи. Некои биле сместени на покривот на продавницата и го надгледувале паркингот каде што биле запалени автомобили еден ден претходно за време на протестот. Во кратката изјава тој се претставил само како „Кајл“.

Ритенхаус потоа дал уште едно интервју, овој пат со Ричи Мекгинис, уредник на конзервативниот весник Daily Caller. Тој рече дека е таму за да го „заштити имотот“. Тоа го нарекол негова работа, иако нема индикации дека некој побарал од него да ја чува зградата на автосалонот.

Потоа во разговор со друг снимател тврдел дека некој од блиската толпа го испрскал со солзавец додека ја штител продавницата.

Во повеќето снимки што ги прегледал „Њујорк тајмс“ во својата анализа, Ритенхаус е во истата област. Тој, исто така, им понудил медицинска помош на демонстрантите.

Околу 15 минути пред првото пукање, во близина на продавницата каде што се наоѓале Ритенхаус и другите вооружени мажи кои тврделе дека го штитат имотот, поминале полицајци и им понудиле вода од благодарност, пишува Њујорк Тајмс.

Ритенхаус им приоѓа на полицајците со пушка во рака и разговара со нив. По некое време, Ритенхаус го напушта просторот околу продавницата, а полицијата не му дозволува да се врати. На снимката, направена шест минути подоцна, се гледа непозната група луѓе како го бркаат Ритенхаус до паркингот на друга продавница, неколку градски блокови подалеку од првата.

Додека Ритенхаус го бркаат група луѓе, непознато лице пука во воздух, иако не е јасно зошто. На видеото од местото на настанот се гледа одблесок кој се случил во моментот на пукањето.

Ритенхаус потоа се врти во правецот од каде што дошол звукот на истрелот, а кон него од истиот правец се движи едно од лицата кои го бркале. Ритенхаус потоа испукал четири истрели и, се чини, го погодува во глава човекот што го бркал.

Ритенхаус тогаш, пишува Њујорк тајмс, телефонски се јавил и потоа побегнал од местото. Неколку луѓе го бркаат викајќи „Пукаше!“Ритенхаус се сопнал и паднал на земја во трката во која еден од гонителите го удрил. Тој испукал четири истрели додека три лица се движеле кон него.

Еден од нив, се чини, бил погоден во градите и паднал на земја. Уште едно лице вооружено со пиштол било погодено во раката и побегнало.

Звуците на истрелите од пушката на Ритенхаус биле измешани со звуците на најмалку 16 истрели што се слушнале во тоа време.

При второто пукање полициските возила биле релативно блиску, на растојание од само еден градски блок. Ритенхаус оди кон полициските возила со кренати раце во воздух, а минувачите им викаат на полицајците дека пукал во луѓе. Полицајците поминуваат покрај него без да застанат додека тој оди да им помогне на настраданите. Ритенхаус бил уапсен следниот ден во градот Антиохија, во куќата на неговата мајка.

Ова судење во голема мера ги поларизира Соединетите Држави. Левата страна на Ритенхаус гледа како одмаздник кој барал крвопролевање во Кеноша таа вечер и како претставник на американската култура на оружје. Десницата, пак, го гледа како тинејџер кој бил принуден да убива во самоодбрана и неправедно бил обвинет.

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

Кливленд го оствари најголемиот камбек во „мајсторка“ од НБА плејофот по 1997 година

 Екипата на Кливленд кавалирс имаше негатива од 18 поени во првото полувреме од седмиот натпревар од нивната плејоф серија со Орландо меџик.

Кливленд губеше 31:49 на 4 минути до крајот на втората четвртина, но успеа да ја надмине негативата и да го добие натпреварот со резултат 106:94.

Кавалирс го направија најголемото враќање во седми натпревар од плејоф серија на најсилната кошаркарска лига на светот по 1997 година.

Тимот предводен од тренерот Џеј Би Бикерстаф се пласираше во второто коло од плејофот за прв пат од 2019 година.

Во четвртфиналето од разигрувањето за шампионскиот трофеј, ривал на Кливленд ќе биде тимот на Бостон селтикс.

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот!

Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. 

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни е на крстопат, одлуката која ќе ја донесеме ќе ја обликува судбината на Македонија во годините што доаѓаат. Вашиот глас нема да биде само исполнување на граѓанска должност, туку и влог во наследството кое ќе го оставиме“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

Тој истакнува дека секој глас е скапоцен, притоа посочувајќи дека избори може да се добијат или изгубат со мали разлики, но со големи последици.

„Затоа секој од вас е важен за да продолжиме по нашиот пат кон Европската унија.

Да не дозволиме да отстапиме од тоа што седум години го градиме заедно и внимателно. Вашата желба за европски стандард и квалитет на живот е најважна, а тоа може да го исполниме со заокружување на бројот 1“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ и кандидат за пратеник, Битиќи потсетува дека пред седум години излеговме од сенките на поделеноста и заробената држава, притоа предупредувајќи дека национализмот и изолацијата повторно демнат, како што тој вели, на нашиот праг.

„Тоа не треба да не' плаши бидејќи ние ја имаме моќта да одлучуваме за нашата судбина.

Секој од нас сноси одговорност, никој не е изоставен. Без разлика дали сте земјоделци, учители, доктори или студенти - вашиот глас е важен. Затоа на 8-ми мај излезете на гласачките места и дадете го својот глас за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, изберете го напредокот, оставете зад себе наследство на напредок, единство во различностите и просперитет“, порачува Фатмир Битиќи, ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во изборна единица 2.

притисни ентер