Судењето за „Труст“ продолжува на 21 ноември

Првообвинетиот во случајот “ТРУСТ”, бизнисменот Сеат Кочан не се чувствува виновен за делото за кое го товари Специјалното јавно обвинителство.

Вина не чувствуваат ниту второ и трето обвинетите Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ. Претставниците на “Трансмет”, “Силекс Неметали” и “Вато”, фирми кои СЈО ги товари дека со невистинити документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра се изјаснија дека правните лица не се кривично одговорни.

На воведното обраќање одбраната истакна дека обвинетите никого не измамиле и дека се погрешно обвинети. Адвокатот Ванчо Митев на рочиштето рече дека откако ги слушнал незаконски прислушуваните разговори на високи личности од власта, очекувал дека тие ќе седнат на обвинителната клупа, а не неговиот клиент Авировиќ, за кој вели дека не е играч од висок ков за да игра големи игри.

Обвинителот Гаврил Бубевски во воведните зборови истакна дека со доказите што ќе ги презентираат, ќе докажат дека обвинетите биле водени од убедувањето дека криминалот се исплати и дека трупањето пари и збогатувањето на штета на граѓаните е активност што поминува во Македонија. Тој рече дека ќе докажат дека со невистинити документи, во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки. Бубевски не ја исклучи можноста за проширување на постапката со нови лица.

На почетокот на рочиштето одбраната побара да се одложи расправата затоа што не им биле дадени сите докази на увид, по што обвинителот Артан Ајро им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само Судот. По предавањето на материјалите судијката не дозволи одложување и ја почна главната расправа.


Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер