Судскиот совет подготвува нова комуникациска стратегија

Меѓу другото ќе се кратат роковите за одлучување.

Промена на Деловникот на Судскиот совет во насока на предвидување на рокови за движење на предметите, кратење на роковите за одлучување, измена на правилникот за бодувањето на судиите за избор во повисоки судови, како и да мора да има образложение на избор и неизбор, а одлуките да бидат индивидуализирани, да се засноваат на објективни стандарди и да бидат конзистентни и компаративни, се дел од измените предвидени со новата комуникациска стратегија на Судскиот совет, со кои, како што информираа на денешниот брифинг, треба да бидат решени пет од препораките на Оценската мисија на ЕУ.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, на брифинг со медиумите, појасни дека има околу пет препораки врзани со транспарентноста и отчетноста и во таа насока е изработена комуникациска стратегија, која ќе биде усвоена откако претседателите на судовите ќе дадат мислење и во јуни годинава.

Изработката на стратегијата, посочи Дамева, е дел од акциски план за спроведување на препораките на Оценската мисија на Европската унија за функционирањето на Судскиот совет, изработен во јануари годинава.

-Акцискиот план е јавно објавен. Во него се опфатени 17 препораки во директна надлежност на Судски совет. За секоја препорака има одговорно лице со конкретни мерки и не смее да има пречекорување на временската рамка, појасни Дамева.

Oценската мисија на ЕУ во декември минатата година го достави Извештајот за функционирањето на Судски совет со 40 краткорочни и среднорочни препораки за подобрување на неговото функционирање. Препораки, како што информираатогаш на брифинг во Делагацијата н ЕУ, се групирани во шест сегменти – структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање.

Вкупно 17 препораки, се однесуваат на подобрување на праксата и работењето на самиот Судски совет и може да бидат спроведени, без никакви законски измени. Од нив, седум се однесуваат на транспарентноста и десет за изборот и унапредувањето на судии, што е клучна функција на Судскиот совет.

Останатите мерки, предвидуваат уставни или законски измени и се однесуваат на тоа кој може да биде избран за член на Судскиот совет, должината на мандатот, дефиницијата „истакнат правник“, воспоставување рамка за начинот и постапката за разрешување на претседател на Советот, одговорноста на членовите на Советот, како и образложување на постапката и одлуката за санкционирање на судии, како и за зголемување на буџетската автономија.

Извештајот тогаш беше споделен со властите и надлежните институции и не беше јавно објавен.

Оценската мисија на ЕУ беше составена од тројца правни експерти од Хрватска, Белгија и Италија и престојуваше во земјава во септември минатата година, каде направи анализа на правната рамка и имаше средби со сите релевантни институции, како и експерти од невладиниот сектор.

„Златаната топка“ на Марадона од Мексико во јуни оди на аукција

„Златната топка“ која поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец Диего Армандо Марадона ја доби во 1986 година за најдобар играч на Мундијалот во Мексико, ќе се најде на аукција во јуни оваа година, објави денеска аукциската куќа Агутес.

Аукцијата треба да се одржи на 6 јуни, а вредноста на Златната топка се уште не е проценета. Претставници на аукциската куќа најавија дека од продажбата на Златната топка очекуваат милиони евра.

Во финалето на Светското првенство во 1986 година, Аргентина ја совлада Западна Германија со резултат 3:2.

Марадона ја доби „Златната топка“ за најдобар играч на Светското првенство во Мексико. На СП во Мексико постигна пет гола.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина во ноември 2020 година.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

притисни ентер