Светиниколец заработува илјадници евра продавајќи семки од кајсии

Велат дека лекуваат главоболка, дури и рак, а служат и како превентива од малигни заболувања, раскажува 49-годишен светиниколец за весникот „Дневник“.

- Господ знае дали помагаат, ама се повеќе луѓе бараат да ги купат семките од кајсии. И тоа не оние благите, туку токму овие горчливите за кои велат дека лекуваат главоболка, дури и рак, а служат и како превентива од малигни заболувања. Веќе искршив три клешти кршејќи ги семките - само лани продадов 68 килограми, преклани 40, а годинава 32 килограми семки. Некој купува по половина килограм, некој повеќе. Досега најмногу семки купи еден македонски политичар, кој пред две години ми зема дури осум килограми, рече дека мајка му била болна, раскажува Ј.Т, 49-годишен светиниколец.

Тој не сакаше да зборува со име и презиме, а вели дека во последниве четири години, колку што активно се занимава со продавање семки од кајсии, с` повеќе луѓе се интересираат да ги купат.

Половина килограм исчистени семки чини 50 евра, а досега низ рацете на овој човек, кој е невработен, поминале над 150 килограми семки од кајсии. За да добие еден килограм семки, потребни му се од шест до 10 килограми кајсии.

На прашањето како почнал да се занимава со продажба на семките, знае ли дали и што е корисно или штетно и опасно кај семките и како ги препорачува, тој појаснува:

- На интернет прочитав дека може да бидат корисни. За главоболка се јадат од три до пет семки пред јадење, а во кои дози се јадат кога некој сака да се излекува од рак, тоа не можам да го откријам. Kога се користат како лек, горчливите семки се јадат непреработени, ниту печени ниту варени, инаку ќе нема ефект. А треба да се изедат додека не се појави нов род на кајсијата, значи во текот на годината - раскажува овој светиниколецот.

Тој вели дека семките ги бараат најчесто луѓе од околината, но и од Штип, а досега немало случај некој од странство да побара да ги купи.

- Ги купуваат и обични луѓе, но ги зема и еден акупунктурист од Свети Николе. Немам резерви, ги правам само по порачка. Не сум имал поплаки досега од некој што ги купил, а не сум чул дека починал некој болен од рак од тие што ги купуваа. Имам магацин од каде што ги земам и ги подготвувам семките, а кајсиите ги купувам од исто место, од околината. За еден ден можам да искршам и по еден килограм семки, тоа ми е релаксација - додава Ј. Т.

Досега немал проблеми ниту со инспекција ниту со полиција.


Захариев: Да не се јадат горчливите, над 30 се смртоносни!
Илчо Захариев, поранешен директор на Бирото за лекови предупредува: Никако да не се јадат горчливите семки од кајсиите!

- Семките од кајсија содржат витамин Б 17 - амигдалин, па затоа мора да се внимава и ако горчат, треба да се биде особено претпазлив зашто тоа е цијанидно соединение. Па ако некој изеде над 30 семки на ден, може да биде предизвикано тешко труење, дури и смрт бидејќи токму овие цијанидни соединенија се врзуваат за хемоглобинот во крвта и така го блокираат кислородот, па може да настанат сериозни нарушувања во организмот, дури и токсични ефекти. Поради содржината на цијанидните соединенија што ги содржат овие семки, може да се случат и фатални последици бидејќи при консумирање повисоки дози од семките - над 30 на ден - може да настане и смрт поради цијанидот - тврди Захариев, кој е магистер по фармација.


Тој појаснува:

- Има рецепт според кој, по традиција, во Штип, на пример, се подготвуваат т.н. еврејски семки, при што и горчливите семки се јадат, но тие претходно мора да се извријат во 10 води. /Извор: Дневник/







Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер