Светски ден на палијативната грижа, расте бројот на пациенти на кои име потребна заштита

 Светскиот ден на палијативната грижа – 12 Октомври годинава се одбележува со пораката „Моја грижа, мои права",

Целите се зголемување на достапноста на хоспис и палијативна грижа низ светот со креирање на можности за јавно говорење за предизвиците, подигнување на свеста и разбирањето на потребите – медицински, социјални, практични и духовни, на лицата кои живеат со лимитирачки болести и нивните семејства, како и поттикнување фондови за поддршка и развивање на хосписите и палијативната грижа за лицата со лимитирачки болести и нивните семејства.

ЈЗУ специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември" во Скопје е единствена уставнова кај нас која обезбедува геријатриска и палијативна заштита. Има капацитет од 75 кревети, а како што велат оттаму и во светот и кај нас расте бројот на пациенти на кои им е потребна палијативна заштита.

Наведуваат дека од минатата година функционира и палијативна амбулатна, а следна цел е да се прошират службите за палијативно згрижување во домашни услови.

Палијативната зашита има за цел да контролира болка, ублажување на страдањето, поддржување на достоинството и подобрување на квалитетот на живеење. Таа не е ограничена во однос на возраста, видот на заболување или патологијата.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер