Светски ден на сеќавање на жртви од сообраќајки, еден загинат секои два-три дена

Во државава во просек, 150 до 160 лица годишно го губат животот во сообраќајни незгоди, односно по едно лице на секои 2-3 дена. 

Околу 6 200 лица, секоја година се повредени во сообраќајни незгоди.Во 2018 година, 133 лица го загубија животот на улиците и патиштата во Македонија, а 5 860 лица се сериозно повредени.

На ваквата црна статистика потсетува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) по повод Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, што се одбележува денеска по мотото „Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата.

– Секоја година, нови настрадани – загинати и поврдени лица, се додаваат на безброј милиони што веќе страдаат како последица на сообраќајните незгоди. Затоа РСБСП упатува на апелите: Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата!". Стоп за возачите кои без размислување притискаат на педалата за зголемување на брзината! Стоп за возачите кои возат пијани! Стоп за не користењето на безбедносните појаси! Стоп за возачите кои возат технички неисправни и небезбедни возила! Стоп за мотоциклистите без заштитна кацига! Стоп за лошите патишта! Стоп за не одбележаните пешачки премини ! Стоп за небезбедените велосипедски патеки!

Годишно, 1,3 милиони луѓе, од сите страни на светот, го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.

-Товарот на тага и неволја што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните незгоди е сè поголем затоа што голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади. Годишно во светот, околу 400.000 млади лица, на возраст до 25 години, го губат животот во сообраќајни незгоди, односно 1100 млади лица, на возраст до 25 години, секој ден го губат животот во сообраќајни незгоди, соопштува РСБСП.

Нивните анализи покажуваат дека сообраќајните незгоди, претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години, втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15 години и од 20 до 24 години и трета причина за смртност за лицата на возраст од пет до девет години./МИА

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

Уште пет дена за претставување на предизборните програми и политички понуди

Денеска,е последен ден за објавување на резултати од анкети поврзани со учесниците во изборниот процес. 

Кандидатите за претседател на државата, партиите и коалициите имаат уште пет дена за претставување на своите програми и политички понуди пред граѓаните, во пресрет на двојните избори на 8 мај. Кампањата за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.

На 30 април заврши пријавувањето за гласање на болните и немоќните лица, а до 4 мај на полноќ тоа треба да го сторат и избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор. Тие заедно со лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и пријавените од дијаспората гласаат ден пред изборниот ден, на 7 мај.

Денеска нов обид да се намалат цените на осигурителните полиси

Денеска  во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата. 

Според осигурителните компании цените за осигурување од автомобилска одговорност не се променети од 2008 година, или цели 15 години, период во кој се бележи општ пораст на цените на автомобилите и автомобилските делови. Комисијата за автомобилска одговорност при министерство за финансии, 15 години не дала препорака на владата за корекција на цените на авто осигурувањето. Од групација на осигурувањето при стопанската комора на македонија очекуваат институциите да покажат поголемо разбирање за работењето на осигурителниот сектор, да ги земат во предвид сите доставени детални и сеопфатни анализи за цените на авто осигурувањето, и да се дојде до решение кое ќе подразбира имплементирање на реални, пазарни цени, кои ќе овозможат непречно сервисирање на штетите. Од агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 брифираат о зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат. Според нив, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била над 80 милиони евра. Агенцијата за супервизија на осигурување ја охрабрува владата, согласно своите законски надлежности, да ги заштити правата на осигурениците и преку измени во тарифникот да ги намали цените на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

притисни ентер