Тајна најава за „GTA VI“?

Додека со нетрпение ја очекуваме новата видео игра „GTA“, креаторот на франшизата „Rocksta“ испраќа скриени пораки - барем ако ги прашате фановите.

Имено, „Rockstar“ на својот „Twitter“ профил објави фотографија како го рекламира претстојниот фестивал во „GTA Online“, но вниманието на следбениците го привлече тоа што ликовите на сликата стојат за да се види „VI“ од знакот „Vinewood“.

Ова, се разбира, предизвика шпекулации меѓу фановите и верните играчи, кои на секој чекор наоѓаат навестувања како и сега.

Така, некои изјавија дека базените во „GTA: Vice City Definitive Edition“ сега имаат шест светли точки, додека други се свртуваат кон астрономијата и укажуваат дека месечината во горниот десен агол на сликата е таква каква што ќе биде утре, 3 октомври.

Секако, тешко дека утре ќе се случи нешто посебно, но некои фанови изнесоа теорија според која би можел да се појави барем првиот трејлер за „GTA VI“.

Еве што знаеме со сигурност: „Rockstar“ објави дека новата „GTA“ игра е во полн развој, а тоа беше во февруари 2022 година.

Потоа се појавија куп слики од екранот и снимки направени за време на развојот, а по негативните коментари, „Rockstar“ рече дека е „крајно разочаран“, но дека работата на следната „GTA“ игра ќе „продолжи според планираното“.

ТИРЗ: продолжува растот на работни места – раст на извозот од 8%

Компаниите во ТИРЗ во април оствариле извоз од 300 милиони евра што е за 8% во однос на истиот месец лани и 21% повеќе во однос на април 2022 година. 

Редовната анализа на ТИРЗ покажува дека во првите четири месеци од годинава извозот од Зоните е над 1 милијарда и 120 милиони евра. Стабилен раст има и кај увозот кој во април е 270 милиони евра што е за 10% повисоко од април 2023, односно за 9% повисоко споредено со четвртиот месец во 2022 година. Заклучно со април вкупно увозот достигна над 1 милијарда евра.Поради ваквите економски движења има и позитивен сооднос на увозот и извоз од почеток на годината.

Исто така продолжува и трендот на пораст на работните места кој во моментов е близу 18.100. Ова е за 8% повеќе споредено со април минатата година, а 25% повеќе споредено со четвртиот месец во 2022 година. Во последниве седум години само во ТИРЗ се креирани близу 12.000 нови работни места споредено со речиси 6.300 до 2016 година. Просечната бруто плата заклучно со март надмина 1100 евра.

Овој тренд на економски движења во зоните е особено позитивен ако се земат в предвид негативните трендови во европската економија кои се главни извозни дестинации, како и тоа дека една од компаниите поминува низ процес на реструктурирање на сопственоста, што влијае врз бројките на извоз и увоз, но и покрај тоа е регистриран раст. Се очекува дека по успешното завршување на овој процес, компанијата ќе продолжи да придонесува како и во изминатиот период.

Позитивниот тренд на раст се очекува да продолжи и во следниот период поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Само во последниве три години во ТИРЗ се постигнати договори со вкупен обем од над 1 милијарда евра кои креираат над 10.000 нови работни места, од кои дел веќе се реализираат.

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Администрацијата на американскиот претсдеател Џо Бајден синоќа објави дека Израел можеби го прекршил меѓународното хуманитарно право во Газа со користење на оружје што го набавил во САД.

Администрацијата на американскиот претсдеател Џо Бајден синоќа објави дека Израел можеби го прекршил меѓународното хуманитарно право во Газа со користење на оружје што го набавил во САД, но дека условите на војната ги спречиле американските власти со сигурност да го утврдат тоа.

Наодите на американската администрација за „разумни докази“ кои би можеле да доведат до заклучок дека нејзиниот сојузник го прекршил меѓународното право во начинот на кој се води војната, беа објавени во збирниот извештај доставен до Конгресот вчера и претставуваат досега најсилна таква изјава на администрацијата на Бајден, пренесува Бета.

Оградувањето дека не можело веднаш конкретно да се потврди користење такво американско оружје од страна на израелските сили во Газа може да ѝ даде маневарски простор на американската влада а секоја идна одлука дали да го ограничи снабдувањето на Израел со офанзивно оружје.

Наодите на администрацијата во Вашингтон, што е прва проценка од ваков вид што ја побараа Демократите на Бајден во Конгресот, следуваат по седуммесечните израелски воздушни напади, копнени борби и рестрикции во испраќање на помош во Газа, каде што загинаа речиси 35.000 Палестинци.

Бајден е на удар поради поддршката на војната на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху против Хамас. Тој се соочува со растечки гнев дома и во странство поради зголемениот број загинати Палестинци и заканата од глад во Газа, предизвикани во голем дел од израелските ограничувања за доставување на храна и помош во палестинската енклава.

Американскиот претседател е во последните месеци од кампањата за реизбор против републиканецот Доналд Трамп. Тој се соочува со барања од многу демократи да го прекине снабдувањето со офанзивно оружје за Израел, но и обвинувања од републиканците дека ја ослабува поддршката за Израел во време кога тоа му е најпотребно.

Ова е мажот, чие шише го погоди Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим (ВИДЕО)

Претходниот ден Мастерсот во Рим го одбележа мечот на најдобриот во светот Новак Ѓоковиќ, но и она што се случи потоа. Српскиот тенисер бил погоден со шише во главата.

Сепак, иако на почетокот се чинеше дека некој го удрил, ситуацијата е нешто поинаква, бидејќи на едно момче му паднало шишето од ранец и паднало право врз главата на српскиот тенисер.

Повредата на Новак потоа мораше да биде сошиена, а сѐ се заврши добро, па нема сериозни повреди.

Набрзо на социјалните мрежи се појави слика од момчето на кое шишето му испаднало од ранецот.

Овој човек не ни знаел што се случило, што може да се види на видеото.

притисни ентер