Тајната на младоликоста на Јапонките (фото)

Маска за лице што ги брише брчките и ја негува кожата.

Овие дами најчесто се негуваат со природни препарати од својата кујна.

Повеќето жени се воодушевени од младешкиот изглед на Јапонките, кои дури и во подоцнежните години речиси немаат брчки. Негата со природни препарати е тајната за подмладување на Јапонките, особено маската од компир. Навлажнува, храни, подмладува и благодарение на своите антибактериски својства ги стеснува порите и помага во отстранување на акните. Освен што ги брише трагите од староста на лицето, компирот ја осветлува кожата и ги отстранува флеките од лицето.

Компирот е богат со витамин Ц, тој е еден од најмоќните антиоксиданси, благодарение на кој се поддржува синтезата на колаген, ја осветлува кожата и ги спречува штетните ефекти на слободните радикали. Содржи и витамин Д и Б витамини, кои ја стимулираат циркулацијата и го намалуваат ширењето на крвните садови, го олеснуваат зараснувањето на раните и спречуваат појава на акни и инфекции на кожата. Суровиот компир содржи голема количина на калиум, бакар и сулфур, кои се најважните состојки потребни за длабинско чистење на кожата.

Маската со компир ја навлажнува и ја храни кожата, ја подмладува, помага да се ослободите од акните, ја матира кожата, спречува промена на тенот и хиперпигментација, ги отстранува темните кругови под очите, ги стеснува порите.

Еве еден оригинален јапонски рецепт за маска од компир, за која се верува дека е главниот адут на Јапонките и нивниот младешки изглед.

Рецепт за маска од компир

Состојки:

компир

јајце

2 лажички палента

една лажичка густ јогурт

Подготовка:

Компирот измијте го, излупете го и изрендајте го на ситно ренде. Ренданиот компир процедете го низ цедалка. Во водата што ќе ја добиете од компирот, додајте го јајцето и измешајте. По мешањето додадете 2 лажички палента и една лажичка погуст јогурт. Вашата маска е подготвена.

За полесно нанесување на лицето, бидејќи е прилично течна, натопете туфер во смесата и рамномерно нанесете на лицето. Оставете да делува 20 минути, а потоа прво исплакнете со млака вода, а потоа со ладна. Набргу ќе почувствувате забележлива разлика. Вашата кожа ќе стане хидрирана, подмладена и посјајна.

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија.

Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија оваа недела е од историска важност и во голема мерка ќе придонесе за зајакнувањето на Унгарија, развојот на билатералните економски и трговски односи и се надеваме, за успех на мировните напори, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со неговиот ерменски колега Арарат Мирзојан, Сијарто рече дека Си Џинпинг, кој предводи голема делегација ќе посети само две земји-членки на ЕУ: Унгарија и Франција, пренесе МТИ.

Една од главните теми на разговорите меѓу претседателите на двете земји ќе биде натамошниот развој на билатералната економска соработка, рече Сијарто, наведувајќи дека Кина во Унгарија донела најмногу странски директни инвестиции во 2020 и 2023 година.

Италијанскиот министер ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин.

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се ангажираат за преговори со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.

Кросето за италијанскиот весник „Месаџеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.

Тој истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е во преговорите да се вклучи Путин.

Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се добие во време“ и да се создадат услови за постигнување примирје.

Кросето тврди дека, доколку руските војници го заземат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.

Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не го послушал неговиот совет.

притисни ентер