Тасевска: Ја намаливме социјалната нееднаквост меѓу граѓаните

Социјалната реформа што ја спроведе СДСМ  создаде услови за  праведно општество и намалување на социјалната нееднаквост меѓу граѓаните.

Преку сет мерки обезбедивме достоинствен живот за сите – и за повозрасните граѓани кои ја граделе државата, но и за ранливите категории граѓани, за децата, за стечајците…

Над 320.000 пензионери добија покачување со јанураската пензија од 722 денари.

До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари. Со тоа просечната пензија за само три години е покачена за 1.746 денари и изнесува 15.500 денари.

Воведовме и социјална пензија, која засега ја користат над 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија.

Донесовме закон за докуп на стаж на граѓани кои работеле, а не им биле плаќани придонесите за пензиско и инвалидско осигурување

Со социјалната реформа што ја спроведовме целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите категории и значително ја зголемуваме финансиската помош што ја добиваат.

Со зголемување на социјалната помош за 300 проценти, односно од 3.000 на 11.700 денари над прагот на сиромаштија извлековме повеќе од 120 илјади наши сограѓани, кои се соочуваа со социјален ризик.

Вкупно 27.000 семејства примаат гарантирана минимална помош, 27.130 деца земаат детски додаток, образовниот додаток го користат над 8.500 деца.

Ја покачивме минималната плата за 60% од срамните 9 на 14.500 денари. И нема да застанеме тука, во името на социјалната правда и повисок стандард, минималната плата до 2024 година ќе ја зголемиме на 18.000 денари.

Ја исправивме историската неправда го решивме проблемот со стечајците, 12 илјади граѓани до пензионирање ќе добиваат по 8.200 денари месечно.

Донесовме закон за отпис на камати, ги намаливме трошоците за нотари, извршители и адвокати, се со цел граѓаните да имаат повеќе средства на располагање во семејните буџети.

СДСМ продолжува со реформите и со реализација на мерките со кои нашата држава станува поправедна, поеднаква, со помалку сиромашни граѓани.

Подобар животен стандард за граѓаните и социјална правда и еднаквост за нас се приоритет.

Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер