Таткото на Меган објави досега невидени фотографии и тешко го обвини принцот Хари (ФОТО)

Томас Маркл (75), татко на Меган Маркл, во бомбастичен 90-минутен документарен филм што се емитуваше синоќа на британскиот Канал 5, објави нови валкани детали од нивната врска и рече дека плачел додека ја гледал нејзината свадбена церемонија на ТВ.

Тој бил отпуштен од болницата по срцевиот удар, непосредно пред свадбата и тврди дека бил сместен во „сигурна куќа“, според „Дејли меил“.

Тој, исто така, покажал невидени фотографии од семејниот албум, на кои се гледа блиската врска меѓу него и неговата ќерка.

Маркл бил многу емотивен во разговорот и признал дека е „љубоморен на принцот од Велс бидејќи ја водел неговата ќерка до олтарот“ затоа што тоа била негова работа.

"Ќерка ми изгледаше убаво. Посакував да бидам таму со неа. Благодарен сум што Чарлс беше од нејзина страна, но плачев. Не можам да го заборавам тој момент".

Томас не разговара со својата ќерка од мај 2018 година, и го обвинува принцот Хари за прекинување на нивната врска, за која вели дека се однесува како „чувствителна 12-годишничка“. Сè се распадна по серијата телефонски повици пред кралската свадба.

Тој требало да ја одведе својата ќерка до олтарот во Виндзор, но сето тоа паднало во вода откако било откриено дека тој направил таен план со фотограф. Поточно, тој ги снимал своите подготовки за свадбата иако кралското семејство експлицитно ги замолило медиумите да ја почитуваат нивната приватност.

Томас и понудил извинување на кралицата, но му било одбиено.

Набргу потоа, тој морал во болница поради срцев удар и од лекарите му било кажано дека нема да може да патува за Велика Британија.

Маркл тврди дека, после сè, Хари ладнокрвно му рекол „ако ме слушаше, ова немаше да ти се случи“.

"Му реков:" Штета што не умрев затоа што може да се преправаш дека си тажен "и се скарав со него. Тоа беше тоа", рече тој, додавајќи дека Хари му кажувал дека ќе го заштити од стресот и всушност, тој постојано му кажувал да не разговара со никого.

Маркл бил платен за најновото интервју, а изнесувањето семејни интимности за него не било проблем.

"Тие ми должат. Кралското семејство ми должи, и Хари и Меган. Морам да бидам награден за сè што поминав. Мојата ќерка ми рече дека ќе се грижи за мене кога ќе остарам. Сега сум стар - време е да се грижи за татко и". , вели тој.

Маркл се развел од мајката на Меган, Дори кон крајот на 80-тите.

Пензионираниот директор за осветлување во Холивуд, кој никогаш не го запознал неговиот внук Арчи, ја опишува неговата врска со ќерката како комплицирана. „Јас не постојам за нив“.

Таа веќе не се надева многу на помирување. „Следниот пат кога ќе ме види, веројатно ќе ме спуштат во земја“.

Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра

Четиринаесет лица во Србија се приведени поради меѓународна измама преку „кол-центри“ во кои се оштетени неколку германски државјани за сума од околу еден милион евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што се наведува во соопштението на МВР, на барање на Германија, припадници на полицијата и на Службата за борба против високотехнолошки криминал при Техничката управа учествувале во меѓународна полициска акција, а се однесува на измама извршена од меѓународно организирана криминална група.

При претрес на станови и други простории на 22 локации, од кои две се на територијата на Ниш и девет на територијата на Нови Пазар, пронајдени се доказни предмети./МИА

Црн лебед во грчката река Еврос

 Единицата за управување со Националните паркови во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, додека спроведувала научно набљудување на делтата на реката Еврос наишла на ретка и невообичаена појава – црн лебед, јави дописничката на МИА

Црниот лебед воопшто не е својствен за Грција и затоа е непознато како воопшто се нашол во реката.

Најзастапен е во Австралија и Нов Зеланд, а живее во реки, големи езера, лагуни, а понекогаш и по должината на бреговите.

-Вработените во единицата за управување ги пречка пријатно изненадување бидејќи при научно набљудување на делтата на Еврос забележаа црн лебед, напишаа на Фејсбук од надлежните за Националниот парк објавувајќи фотографии од ретката појава.

Тошковски: МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач

Изјава по остварена средба со претставници од Фондацијата „Ромите за демократија“ кои денеска организираа протестен марш од ДИК до МВР.

Тие протестираа заради закани кои биле упатени кон нивни набљудувачи за време на првиот круг од Претседателските избори 2024.

Министерот за внратрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски изјави дека МВР ќе ја гарантира безбедноста на секој набљудувач за време на изборниот процес.

притисни ентер