Театарот Ла Мама од Њујорк на 39. издание на Млад Отворен Театар

Со претстава на театарот Ла Мама од Њујорк во Младинскиот Културен Центар ќе започне 39. Млад Отворен Театар кој ќе се одржи од 19 до 26 септември на седум различни сцени низ Скопје (МКЦ, МОБ, Универзална Сала, Драмски театар, Театаер за деца и младинци, сцена Зебра и еден автобус на ЈСП).

Директорот на МКЦ Златко Стевковски денеска на прес-конференција најави дека на фестивалот оваа година ќе настапат многу значајни домашни и регионални продукции и театри.

Уметничкиот совет на фестивалот ја селектираше богатата фестивалска програма која ги носи најзначајните домашни и регионални продукции, гостувања на театри од Мексико, Белгија, Америка, Италија..., а првпат домашната публика ќе има можност да погледне претстава од продукцијата Оф Бродвеј, истакна Стефковски.

За градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ова издание на МОТ ќе биде најдобро досега за што, како што рече, има обезбедени многу предуслови, како што е добрата организација и условите во МКЦ за кој Градот во изминатите години несебично се залага.

За програмата на овогодинашниот МОТ обезбедени се 6 милиони денари од кои 4,5 милиони од Министерството за култура и 1,5 милиони денари од Град Скопје. Билетите кои се во ограничен број ќе чинат по 150 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од 12 септември. /МИА

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. /МИА

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн поднесе оставка поради корупциски скандал

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес.

Вицепремиерот на Малта, Крис Ферн денеска поднесе оставка, откако против него беше покренато обвинение поради корупциски скандал поврзан со доделувањето владина концесија за управување со три државни болници на досега непозната здравствена групација во 2015 година.

Ферн му рекол на малтешкиот премиер Роберт Абела дека поднесува оставка во национален интерес без да биде одговорен за скандалот, а премиерот побарал од него да ја преиспита својата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Ферн побара од Абела да се откаже од плановите да го номинира за член од Малта на следното свикување на Европската комисија (ЕК). /МИА

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. /МИА

притисни ентер